Европа
Шкотскиот парламент ја прекина расправата за референдумот по инцидентот во Лондон
Шкотскиот регионален парламент во среда по терористичкиот напад во Лондон ја прекина расправата за предлогот да ја овласти премиерката Никол Старџеон да побара од британската влада распишување на референдум за независност.
„Нашиот сестрински парламент доживеа тежок инцидент. Затоа на неодредено ја прекинуваме расправата“, рече пред парламентарците претседателот на шкотскиот парламент Кен Макинтош.
Старџеон, која го обвинува Лондон дека не води сметка за шкотските интереси за време на излегувањето од Европската унија(ЕУ), сака референдумот да се одржи кон крајот на 2018 или на почетокот на 2019 година, или пред заклучувањето на преговорите со Брисел. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
