Контакт

Европа

Шпанија: Грешка беше предупредувањето за голема смртност на мали деца од Ковид-19

Објавено пред

Угледно научно медицинско списание во Шпанија пред една недела објави студија која ги вознемири Шпанците.

dobivaj vesti na viber

Имено, Шпанија во компаративната анализа на седум развиени земји (САД, Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Јужна Кореја и Шпанија) беше ставена во земји со најголем број случаи на коронавирус кај малолетници и со највисока стапка на смртност од Ковид-19 кај деца и млади под 19 години.

Според податоците на Министерството за здравство, користени во студијата, 54 деца и млади лица на возраст под 19 години починале во Шпанија од Ковид-19 од март 2020 година до февруари оваа година.

Сепак, педијатриските здруженија што се занимаваат со овие случаи ги оспорија ваквите податоци, а шпанското Министерство за здравство им го даде тоа право и вели дека податоците за децата кои починале од Ковид-19 биле неправилно запишани.

„Највисоката стапка на смртност е забележана во Шпанија, 0,64 кај деца под 9 години и 0,53 кај деца и млади на возраст од 10 до 19 години“, се вели во студијата, но шпанските педијатри веднаш предупредија дека бројката од 54 деца кои починале од Ковид-19 не е точна туку дека се починати само седум.

„И Шпанското здружение за детски инфективни болести и шпанското друштво за детска интензивна нега водат евиденција за педијатриски пациенти третирани во Шпанија со инфекција со вирусот САРС-КоВ-2 и последователни компликации. Досега, во овие регистри се евидентирани само седум смртни случаи, а податоците од научниот напис се погрешни”, забележува Министерството за здравство.

Како одговор на медиумските истражувања, Министерството за здравство на Шпанија призна дека некои локални самоуправи направиле грешка при пријавување смртни случаи на малолетници и посочија дека веќе работат на исправување на грешките.

Иако ова објаснување може да изгледа чудно, Министерството за здравство не го негираше тоа, но ги призна грешките во евиденцијата.

Европа

Украинските амбасади во неколку европски земји добија пакети со животински очи

Објавено пред

Неколку украински амбасади во неколку европски земји примиле пратки со животински очи, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

Претходно, серија писма бомби беа испратени на неколку локации во Шпанија вклучувајќи ја и украинската амбасада, објави „Ројтерс“.

Овој пат пратките пристигнаа на адресите на украинските амбасади во Унгарија, Холандија, Полска, Хрватска и Италија, како и на генералните конзулати во Неапол, Краков и Брно.

Прикажи повеќе...

Европа

Се обидела да ја исклучи машината за кислород на „цимерот“ во болница, бучавата ја нервирала

Објавено пред

Во вторникот, лекари во германскиот град Мајнхајм мораа да оживеат седумдесет и девет годишен пациент на кого 72-годишна пациентка му го исклучила апаратот за терапија со високопроточен кислород.

dobivaj vesti na viber

Причината зошто го направила тоа е прилично бизарна. Очигледно, ѝ пречела бучавата што ја правел уредот за време на работата.

Според полицијата во Мајнхајм, пациентите биле во иста просторија. Со оглед на тоа што на 72-годишната жена и пречела бучавата што ја произведува кислородниот уред, таа одлучила да го исклучи, пишува списанието „Феникс“.

По првиот обид, болничкиот персонал го предупредил пациентот дека снабдувањето со кислород на 79-годишникот е многу важно, но жената сепак го исклучил апаратот набргу по предупредувањето.

Според полицијата и обвинителството, 72-годишната жена во моментов е во притвор и се товари за обид за убиство.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Божиќен камион „кока-кола“ се запали во Романија

Објавено пред

Камион „кока-кола“, украсен со божиќни украси, се запалил додека се возел по фреквентен пат во главниот град на Романија, Букурешт, пишува Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Засега не е познато зошто избувнал пожарот.

Возачот успеал да излезе од возилото пред да биде зафатено во пламен.

Пожарникарите бргу го изгаснале пожарот и нема информации за повредени.

Компанијата за безалкохолни пијалаци изјави за локалните медиуми дека презема мерки за да спречи понатамошни инциденти од слична природа, пренесе „Индекс.хр“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Рашковски: Сингапур има биометрија, Србија сообраќаен софтвер, а Македонија ги има Трајчева и Русковска

Став на обвинетиот за предметот „Софтвери“ – поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашкoвски: „Жителите на Сингапур од 2022 година...

Свет41 минута

Патниците наскоро ќе можат да ги користат сите опции на своите телефони во авионите

Патниците во авионите во ЕУ наскоро ќе можат да користат мобилни телефони за време на летот без да го вклучат...

Економија51 минута

Објавена листата на најскапите градови во светот

Њујорк и Сингапур се рангирани како најскапи градови во светот, според годишното истражување на глобалните трошоци за живот на Economist...

Македонија1 час

Османи одржа предавање на колеџ во Варшава: „Нема место за агресија во Европа во 21. век“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи одржа предавање на Колеџот на Европа во кампусот Натолин во Варшава, следствено по учеството...

Свет2 часа

Белата куќа ја објасни изјавата на Бајден: Засега не планира да се среќава во Путин

Белата куќа ја појасни изјавата што американскиот претседател Џо Бајден ја даде претходно, истакнувајќи дека американскиот претседател во моментов не...

Свет2 часа

Британскиот министер: Путин би можел да ги искористи мировните преговори за обнова на армијата

Рускиот претседател, Владимир Путин, би можел да ги искористи мировните преговори за обнова на војската пред да почне со нова...

Свет2 часа

Зеленски тврди дека од руско заробеништво се ослободени повеќе од 1.000 украински војници

Повеќе од илјада Украинци беа ослободени од руско заробеништво за време на војната, рече Володимир Зеленски. Украинскиот претседател изјави дека...

Економија12 часа

ЕУ постигна договор за руската нафта

Членките на Европската унија се согласија да ја ограничат цената на руската нафта на 60 долари за барел, во согласност...

Свет12 часа

(Видео) Еруптираше најголемиот активен вулкан во светот, лавата се поблиску до градот

Лава тече од вулканот Мауна Лоа на Хаваите, кој е најголемиот активен вулкан во светот и чија ерупција започна на...

Свет15 часа

Сноуден се заколна на верност на Русија и доби руски пасош

Едвард Сноуден доби руски пасош откако се заколна на верност на земјата која го штити од американските власти од 2013...

Свет15 часа

Британија стравува од бактерија што се шири во училиштата, за помалку од месец починаа четири деца

Велика Британија стравува од епидемија на стрептокока А откако за помалку од еден месец од вообичаено безопасната бактериска инфекција починаа...

Македонија16 часа

Мицкоски: За само 3 дена од 5 до 7 декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра

Продолжуваат во владата „хероите” со „херојските дела“ во енергетиката. Нов увоз на струја и ново авансно „херојско” плаќање. За само...

Македонија22 часа

Триесет години „Макфакс“, десет години „А1он“ – медиумите на „Клип медија груп“ прославија јубилејни родендени

Првата независна новинска агенција „Макфакс“ прослави 30 години постоење, сега како дел од групацијата „Клип медија груп“, а јубилеи прославија...

Македонија23 часа

Лажни дојави за бомби во три основни училишта во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата...

Свет23 часа

Орбан: Проширувањето на санкциите на ЕУ за рускиот гас би имало трагични последици

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека продолжувањето на санкциите на ЕУ за рускиот гас и енергија од нуклеарните централи...

Свет23 часа

Сана Марин: Војната во Украина покажа дека Европа не е доволно силна

Финската премиерка Сана Марин изјави во Сиднеј дека Европа „не е доволно силна“ сама да се спротивстави на Москва. Премиерката...

Регион23 часа

Ескобар: Србија мора да ја почитува границата со Република Српска

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, даде целосна поддршка на евро-атлантските интеграции на...

Економија1 ден

СДСМ: Даночна реформа, нема нови даноци и се укинува прогресивното даночење

Владата предводена од СДСМ од почетокот на наредната година почнува со етапно воведување нов даночен систем, чија главна карактеристика е...

Топ1 ден

Во Германија запленети 2.100 лажни часовници наменети за македонскиот пазар

Повеќе од 2.100 фалсификувани луксузни часовници се запленети во четвртокот на аеродромот во Франкфурт, соопшти полицијата. Во меѓувреме се појавија...

Македонија1 ден

Приватните превозници утрово на протест на „Илинденска“

Превозниците од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утрово повторно го блокираа сообраќајот во Скопје на десната лента на булеварот Илинден. Директорот...