Контакт

Европа

Шпанците протестираат против отцепување на Каталонија

Објавено пред

Околу илјада граѓани на Шпанија денеска протестираат против отцепување на Каталонија.

Тие бараат национално единство. Нивниот протестен марш го поздравуваат луѓе преку балконите, веат шпански знамиња и ги поддржуваат демонстрантите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Хрватско семејство во Данска доби 54 години затвор поради кражби и малтретирање старци

Објавено пред

Хрватско семејство е осудено во Данска на вкупно 54 години затвор поради грабежи и злоупотреба, пишува данскиот „Екстра Бладет“. Според информациите, Лилјана Мујагиќ и Сантино Корен добиле по 12 години затвор. Нивните синови Бернардо и Тончек Мујагиќ, кои имаат 20 и 23 години, добиле по 15 години затвор. По отслужувањето на казната, сите ќе бидат трајно протерани од Данска.

Хрватското семејство е одговорно за 24 провали, кои главно биле извршени во домови на постари лица. Како што констатирал судот, родителите ги планирале кражбите, а синовите ги извршувале, пренесува порталот „Индекс.хр“.

Во неколку случаи, жртвите биле врзувани и малтретирани и така оставени додека не ги најдат членовите на нивното семејството.

„Единственото добро во оваа приказна е што никој не е убиен“, рекол обвинителот.

Обвинетите пред судот се изјасниле дека се невини.

„Ова што се прави со моето семејство е чиста дискриминација“, рекол еден од синовите.

Цел на разбојниците биле стари и болни луѓе кои живееле сами. Во кражбите се впуштале облечени во темна облека, а понекогаш носеле и маски. Се претпоставува дека украле неколку милиони дански круни.

Прикажи повеќе...

Европа

Десетици илјади Полјаци на погребот на убиениот градоначалник

Објавено пред

Десетици илјади Полјаци се собраа вечерва во Гдањск за да му оддадат почит на убиениот градоначалник на овој град, Павел Адамович.

Погребното возило што го носело ковчегот на Адамович го следеле униформирани припадници на полската морнарица, објави агенцијата АП.

На чело на колоната бил надбискупот на Гдањск, Лешек Славој Глоџ, придружуван од други истакнати јавни личности.

Претходно денес околу 300 полски градоначалници и други политичари се собраа низ Полска за да му оддадат почит на Адамович.

Адамович беше прободен во неделата вечерта, а почина во болница. Напаѓачот беше уапсен.

Прикажи повеќе...

Европа

Човек се запали во центарот на Прага

Објавено пред

Маж се запали на главниот плоштад во Прага, во време кога Чесите му оддаваат почит на студентот Јан Палах, кој на 16 јануари 1969 година се замозапали во знак на протест против советската интервенција.

Непознатиот човек бил пренесен во болница, откако минувачите успеале да го изгаснат огнот.

Се запалил на плоштадот Венцеслас, на истото место каде што Јан Палах го извршил својот очајнички чин во 1969 година.

Дваесетгодишниот студент по филозофија на Карловиот универзитет во Прага на овој начин го искажал револтот од советската воена инвазија која во август 1968 година ја угушила Прашката пролет и демократските реформи на комунистичкиот систем.

„Според првите информации, мажот роден во 1964 година се полеал со запалива течност по телото и се запалил“, соопшти полицијата од Прага на „Твитер“.

Неговите мотиви засега се непознати, а во тек е истрага.

„Го видов оддалеку, дотрчав и сфатив – О, Боже, си реков, тој навистина гори“, изјавила девојка која била на местото на несреќата во близина на Народниот музеј на плоштадот Венцеслас. „Почнав да го гасам огнот, а можеше да се помириса дека тој се полеал со бензин“, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Загаденоста на воздухот во Прилеп 20 пати над дозволеното

Прилеп вечерва доживува рекорди во загаденост на воздухот. Концентрацијата на ПМ10 канцерогените честички достигна дури 1012 микрограми, што е за...

Македонија10 часа

Повредена новинарка на Канал 5 на одбележувањето на Водици

Новинарката Мирјана Мирчевска од Канал 5 телевизија заврши во болница со повреда на вратот и на раката откако, за време...

Свет11 час

Трамп најави важна објава

Американскиот претседател Доналд Трамп најави важна објава во врска со блокадата на работата на федералната влада. Неговата најава следи во...

Свет12 часа

Масовни протести во Унгарија против премиерот Виктор Орбан

Неколку илјади Унгарци протестираа денеска во Будимпешта против премиерот Виктор Орбан и неговиот закон за прекувремени часови, кој досега неколкупати...

Свет13 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во најголемата експлозија на нафтовод во Мексико

Билансот на загинати во силната експлозија на нафтовод во Мексико се искачи на 66 луѓе. Повредени се 76, изјави гувернерот...

Македонија15 часа

Загадувањето во Битола, Тетово и Струмица до шест пати над дозволеното

Присуството на штетните ПМ10 честички во воздухот во Битола, Тетово и Струмица, во изминативе два дена било и до шест...

Топ15 часа

Расправија во кафеана му претходела на пукањето во Кочани, напаѓачот е во бегство

На пукањето што се случи вчера околу 17 часот во угостителски објект во Кочани, а во кое едно лице беше...

Регион17 часа

Епидемија во Хрватска, девет лица починаа од грип

Девет лица починаa од грип во Хрватска, но за два смртни случаи во Сплит сè уште се чекаат официјални информации,...

Македонија17 часа

Директор на основно училиште склучувал договори во четири очи, го оштетил Буџетот за 1,2 милиони денари

Директор на основно училиште во Кратово, без да објавува јавни огласи, склучувал договори во четири очи за набавка на разни...

Македонија19 часа

Скопјани се гневни откако градот се искачи на прво место по загаденост во светот

Социјалните мрежи се преполни со реакции, откако вчеравечер Скопје се искачи на првото место по загаденост во светот.   Мерните...

Македонија20 часа

82 обвинители ја тужат државата за неисплатени додатоци на плата

82 обвинители од јавните обвинителства низ земјава ја тужат државата пред домашните судови за неисплатени додатоци во вкупен износ од...

Економија20 часа

„Фич” го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед

Aгенцијата „Фич” соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед. Од Министерството за финансии соопштија дека...

Свет1 ден

Втората средба меѓу Трамп и Ким ќе се одржи кон крајот на февруари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун ,повторно ќе се состанат кон крајот на февруари, соопшти Белата куќа...

Регион1 ден

(Видео) Објавена снимка од свечениот ручек во Белград: Дачиќ пее, а Путин ракоплеска

Руската новинска агенција ТАСС објави видеоснимка од свечениот ручек кој вчера во Белград беше приреден во чест на посетата на...

Истражувања2 дена

(Видео) Турците ем градат кај Стара железничка ем плаќаат казна од 2 милиона денари месечно

Турската компанија „Лимак“, која го гради комплексот со дваесеткатници кај Старата железничка станица, месечно уплаќа по  2 милиони денари во...

Македонија2 дена

(Видео) Димовски: Следува комплициран избор на антикорупциска комисија

Конкурсот за избор на членови на антикорупциската комисија објавен во октомври денеска беше поништен за да може да се објави...

Македонија2 дена

(Видео) Наумовски си ја зголеми платата, а Ѓорче Петров нема пари за ветените базен и градинка

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, годинава ќе зема повисока плата, а планирани се и нови вработувања во Општината во...

Топ2 дена

Каракамишева повикана во полициска станица поради говор на омраза

Професорката Тања Каракамишева била на информативен разговор во полициска станица бидејќи била пријавена за ширење говор на омраза. Таа на...

Македонија2 дена

(Видео) Ако не се освести Заев, одиме со Мицкоски, порачаа пазарџиите

„Ако не се сврти кон народот, како што вети Заев, ние ќе се приклучивме кон другите, ќе одиме со Мицкоски“,...

Македонија2 дена

(Видео) Кекеновски со иницијатива до Уставниот суд: Се противам на каубојското носење на Законот за јазиците

Професорот Јове Кекеновски поднесе иницијатива за оценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците. Според него, власта каубојски и...

Досие