Контакт

Европа

Јанша: Ако ЕУ не се прошири, некој друг ќе го стори тоа

Објавено пред

Словенечкиот премиер Јанез Јанша смета дека закрепнувањето по пандемијата на Ковид-19 и проширувањето на земјите од Западен Балкан се клучни предизвици за ЕУ ​​во наредниот период.

dobivaj vesti na viber

„Ако ЕУ не се прошири, некој друг ќе го стори тоа“, им рече Јанша на словенечките дипломати пред шестмесечното претседателство со Унијата, кое почнува на 1 јули за неговата земја.

Словенија, која ќе биде домаќин на неформалниот самит ЕУ-Западен Балкан на почетокот на октомври, е особено важна поради нејзината близина до регионот, а проширувањето на ЕУ треба да биде одговор на предизвиците на третите фактори, вклучително и Турција, за која Јанша вели дека спроведува балканска политика, односно настојува да го забави проширувањето на Унијата.

Говорејќи за пандемијата, Јанша рече дека ниту една земја не била подготвена за пандемијата на Ковид-19, што се покажало во недостигот на заштитна и медицинска опрема, но и дека членките на ЕУ релативно успешно се согласиле за сеопфатен економски и финансиски пакет. Според него, многу потешко ќе биде да се постигне договор за т.н зелена транзиција во економијата.

ЕУ има 27 членки со разни економски структури и многу ќе зависи од тоа како Европската комисија ќе успее да ги реши специфичните проблеми на одделни земји, рече Јанша.

Европа

ЕУ сака да формира специјален суд за руските злосторства

Објавено пред

Првиот чекор во борбата против неказнивоста за злосторствата извршени во руската агресија врз Украина би можело да биде формирање на обвинителство кое ќе собира докази, изјави комесарот за правда на Европската комисија Дидие Рејндерс.

dobivaj vesti na viber

„Првиот чекор може да биде формирање на специјален суд кое ќе собира докази“, рече Рејндерс денеска пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за правда во Стокхолм, каде што една од главните теми е како да се осигура дека воените злосторства во Украина се да не остане неказнето.

Канцеларијата на специјалниот суд би била лоцирана во Хаг, во седиштето на Европравда, агенција на ЕУ за судска соработка во кривичните прашања. Рејндер вели дека може брзо да се воспостави.

Европската унија се залага за формирање на специјален суд за руските злосторства во Украина, а во очекување на собирање критична маса на поддршка во меѓународната заедница, сака да започне со собирање докази.

На крајот на ноември минатата година, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи формирање на специјализиран суд со поддршка на Обединетите нации, кој ќе суди за руските злосторства.

„Русија мора да плати за своите ужасни злосторства, вклучително и злосторствата за агресија врз суверена држава“, рече Фон дер Лајен.

На маса има две опции – едната е формирање на ад хок меѓународен суд, како Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, а другата е таканаречената хибридна опција, каде што национален суд, најверојатно украински, но со меѓународни судии, би суделе за злосторства од руска агресија,пренесе Индекс.хр.

Прикажи повеќе...

Европа

Европската Унија ги продолжи економските санкции против Русија до 31 јули

Објавено пред

Советот на ЕУ денеска одлучи да ги продолжи за шест месеци, до 31 јули 2023 година, санкциите насочени кон одредени сектори на руската економија.

dobivaj vesti na viber

„Тие во моментот се состојат од широк спектар на секторски мерки, вклучувајќи ограничувања на трговијата, финансиите, технологијата и стоките со двојна употреба, индустријата, транспортот и луксузните стоки. Тие исто така ја покриваат забраната за увоз или трансфер на морска сурова нафта и одредени нафтени деривати од Русија во ЕУ, де-SWIFT на неколку руски банки и суспензија на радиодифузни активности и лиценци за неколку места за дезинформации поддржани од Кремљ“, велат од ЕУ.

Овие санкции првпат беа воведени во 2014 година како одговор на руските акции во Украина, а потоа беа проширени во февруари 2022 година по руската воена агресија врз Украина.

Прикажи повеќе...

Европа

Путин: Злосторствата на неонацистите во Украина покажуваат дека ги заборавиле лекциите од историјата

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека злосторствата извршени од неонацистите врз цивилите во Украина покажуваат дека тие ги заборавиле лекциите од историјата.

dobivaj vesti na viber

Путин посочи дека заборавањето на лекциите од историјата води до повторување ужасни трагедии и како доказ з тоаа ги наведе злосторствата против цивилите и етничкото чистење извршено од неонацистите во Украина.

„Против ова зло нашите војници сега се борат херојски, рамо до рамо“, рече Путин во телеграмата упатена до организаторите и учесниците на настаните посветени на одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот и 78-годишнината од ослободувањето на затворениците од концентрациониот логор Аушвиц од страна на Црвената армија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Објавена снимка од полицајците во Мемфис кои брутално претепаа афроамериканец

Пет сега поранешни полицајци од американскиот град Мемфис се обвинети за убиството на 29-годишниот Тир Николс, афроамериканец кој беше претепан...

Свет14 минути

Светот го осудува масакрот во Ерусалим

Обединетите нации и неколку земји го осудија нападот на палестински вооружен напаѓач на периферијата на Ерусалим во близина на синагога...

Свет12 часа

(Видео) Терористички напад во Ерусалим, најмалку седум мртви

Најмалку седум лица загинаа во терористички напад вечерва во населбата Неве Јаков во Ерусалим, додека уште 10 се повредени. –...

Свет14 часа

Гутереш: Социјалните мрежи се соучесници во ширењето на екстремизмот и расизмот

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека социјалните мрежи и оние кои се рекламираат на нив се соучесници...

Свет15 часа

Кина: Америка е земја насилник која ги крши правилата

Кина денеска остро го критикуваше Вашингтон на состанокот на Светската трговска организација (СТО), нарекувајќи ги САД унилатерален насилник и земја...

Свет16 часа

Америка: Го убивме лидерот на Исламската држава

Американските сили го убиле лидерот на Исламската држава Билал ал-Судани и 10 негови оперативци во северна Сомалија, објавија американските власти....

Европа18 часа

Европската Унија ги продолжи економските санкции против Русија до 31 јули

Советот на ЕУ денеска одлучи да ги продолжи за шест месеци, до 31 јули 2023 година, санкциите насочени кон одредени...

Македонија19 часа

27 Јануари, Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, пригодно одбележан во МНР

Во Министерството за надворешни работи беше одбележан 27 Јануари – Меѓународниот ден во спомен на жртвите на холокаустот. Настанот почна...

Македонија20 часа

Милков: Ќе го вратиме амбасадорот ако се почне со дијалог на високо министерско ниво

Ако се обезбедат услови за почнување дијалог на високо ниво меѓу Бугарија и Македонија или ако премиерот Ковачевски го убеди...

Македонија21 час

Бугарското МНР со нота ќе бара да им се обезбеди пристап на Бугарите на 4 февруари

Бугарија ќе бара со нота да им се обезбеди пристап на Бугарите што патуваат во Северна Македонија за да се...

Македонија21 час

Таравари повикува на смирување на тензиите меѓу Северна Македонија и Бугарија

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, повика да се дејствува смирено и да се смират тензиите во односите меѓу...

Европа22 часа

Орбан најави вето на санкциите против руската нуклеарна енергија

Унгарија ќе стави вето на секој предлог на Европската Унија за санкции против Русија поврзани со нуклеарната енергија, изјави утринава...

Топ22 часа

Истрага за пет лица, кои сексуално злоупотребувале малолетничка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава на Националната единица за...

Европа22 часа

Поранешен генерал е фаворит за претседател на Чешка

Поранешниот командант на чешката армија, Петр Павел, прозападен кандидат, кој ја поддржува помошта за Украина, има голема предност пред поранешниот...

Свет24 часа

Пред 78 години беше ослободен Аушвиц, најлошото место во историјата на човештвото

Познатиот германски филозоф Теодор Адорно во своето дело „Културна критика и општество од 1949 година“ ја објави познатата реченица: „Пишувањето...

Свет1 ден

(Видео) Зеленски: Благодарение на системите од Западот ги соборивме повеќето руски ракети

Најмалку 11 лица загинаа во серија руски напади во Украина откако Киев доби ветувања од САД и Германија дека ќе...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Со сè што потпиша, власта создаде студена дипломатска војна со Бугарија

Ковачевски да каже како е можно на сè што потпишаа, да создадат студена дипломатска војна со Бугарија, попустливоста е последица...

Регион2 дена

Курти: На Косово нема српски општини

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека на Косово нема српски општини и дека договорот за формирање Заедница на српски...

Свет2 дена

Претседателот на Израел ја повика ЕУ да го искорени антисемитизмот

Израелскиот претседател Исак Херцог изјави денеска дека антисемитизмот е во пораст во западниот свет и апелираше до Европската унија да...

Македонија2 дена

Градоначалникот на Крива Паланка, кој удри полицаец, заработи прекршочна пријава

Случајот со боксовите од градоначалникот на Крива Паланка, Сашо Митовски, кон полицаецот Кристофер Стоевски стигна и на седницата за пратенички...