Европа
Британската влада го претстави планот за претворање на европското законодавство во британско
Конзервативната влада на британскиот премиерка Тереза Меј во четвртокот го претставува план според кој законодавството Европската унија ќе го вгради во британското со што ќе се „заврши превласта на претставниците во Брисел“ откако Велика Британија ќе ја напушти ЕУ, пренесуваат агенциите.
Британските министри во четвртокот го изнесоа планот за тоа како ќе ги поништи тоа сложено законодавство на начин што тоа право во целост ќе го вградат британскиот закон за да го заштитат континуитетот на работењето ширум Европа, односно на компаниите, работниците и потрошувачите да им ја пружат потребната сигурност додека Британија ја напушта Европската унија.
Во сржта на планот е ткн „сеопфатниот закон укинувањето“ кој Меј во мај ќе го претстави пред парламентот. Тој закон ќе ја пренесе европската легислатива, ќе го укине европскиот закон од 1972 година со којшто е формализирано британското членство во ЕУ, и на министрите им дава овластувања да ги менуваат постојните закони за да бидат сигурни дека функционираат по излегувањето од ЕУ.
„Владиниот план е прагматичен и принципиелен пристап на претворање на законите ЕУ во закони на Велика Британија на денот кога ќе ја напуштиме Унијата, давајќи им на компаниите, работниците, инвеститорите што е повеќе можно сигурност“, појасни министерот за Брегзитот, Дејвид Дејвис.
Работите така нема да бидат прекинати, продолжи Дејвис, бидејќи ќе се знаат правилата нема да се променат преку ноќ, и оти правата и обврските нема да бидат подложни на остри промени.
„После тоа парламентот треба да одлучи кои европски сака да ги види променати, отфрлани или подобрени, за на крајот да ја завршиме превласта на европските законодавци“, додаде Дејвис.
Истакна, исто така, дека откако земјата ќе ја напушти унијата, Европскиот суд на правдата (ECJ) повеќе нема д има никаква улога во толкувањето на британските закони.
Како резултат на воведувањето на европското законодавство, во Велика Британија од 1990 година се воведени 52.740 закони, а библиотеката на долниот дом на парламентот предупреди дека повеќе од 13 отсто од примарното и секундарното законодавство донесено меѓу 1993 и 2004 година се однесува на европското законодавство.
„Асимилирањето на европското законодавство во британското е потенцијално еден од најголемите законодавни проекти преземени во историјата на Обединетото Кралство“, оцени Долниот дом.
Работничките синдикати и здруженијата за човековите права изразија стравување дека во оваа правна транзиција би можеле да страдаат некои основни права./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.