Европа
Британскиот парламент ја овласти премиерката да го започне процесот на излегување од ЕУ
Британскиот парламент ја овласти во средата премиерката Тереза Меј да ја започне процедурата за излегување на Обединетото Кралство од Европската унија.
По тридневната дебата и 140-те страници предложени амандмани, 650-те пратеници го одобрија законот за истапувањето на Велика Британија од Европската унија во првото читање, со 494 гласови „за“ и 122 „против“.
Со тоа британската премиерка Тереза Меј доби зелено светло од долниот дом на парламентот следниот месец веќе да го покрене процесот на истапување, седум месеци по референдумот на кој мнозинството британски избирачи се одлучија за излегување на ЕУ:
Меј не сакаше парламентот на расправа за овој закон, но на тоа ја принуди Врховниот суд. Откако го прифати долниот дом, законот сега ќе оди на изјаснување во Домот на лордовите.
До конечното прифаќање на текстот од законот ќе изминат уште неколку седмици, но Меј изјави дека на 31-ви март ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор кој го регулира излегувањето на земја членка од Унијата, што првата етапа од двегодишниот процес на истапување.
За да избегне каква и да е побуна во владејачкото конзервативно мнозинство, премиерката вети дека парламентот ќе гласа за условите за излегувањето пред завршувањето на преговорите меѓу Лондон и Брисел. Но доколку пратениците го отфрлат договорот, Британија нема да може повторно да преговара со Европската унија, се закани Меј.
Шкотскиот парламент во вторникот со големо мнозинство го отфрли планот на британската влада со кој се овластува премиерката Тереза Меј да ги започне процесот на излегување на Обединетото Кралство од Европската унија, што сепак е само симболичен и необврзувачки чин.
Ова изјаснување на шкотските парламентарци со 90 гласови „за“ и 34 “против’ отфрлањето на плановите на владата во Лондон нема никаква правна тежина. Британскиот Врховен суд одлучи во јануари дека само сојузниот парламент може да се консултира во врска со покренувањето на процесот за излегување од ЕУ, но не и регионалните парламенти./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.