Европа
(Видео) Големо невреме во Европа, најмалку пет лица загинаа, неколкумина се повредени
Најмалку пет лица го загубија животот во невремето што зафати неколку европски земји, а неколку лица се повредени.
Две лица загинаа во централната германска сојузна покраина Саксонија-Анхалт кога дрвја паднаа врз нивните автомобили, објавија властите, пренесуваат локалните медиуми.
Во Хамбург, поради невремето, три лица добиле полесни повреди на траект, кој бил погоден од бран и искршил стакло.
MUST SEE | Waves from a storm in Hamburg, Germany were so powerful they bust through a ferry window.
While some passengers near the window were knocked backward by the force of the wave, nobody was seriously injured. Officials are now investigating why the window gave way. pic.twitter.com/icGKCbfi2L
— Zach Covey (@ZachCoveyTV) February 17, 2022
Германската метеоролошка служба синоќа издаде повеќе предупредувања за пристигнувањето на невремето и најави дека опасните услови би можеле да траат неколку дена, сѐ до сабота.
Во Полска ветровите достигнаа брзина и до 125 километри на час и сериозно оштетија околу 500 куќи, уништија покриви, дрвја и предизвикаа прекини на електричната енергија кај повеќе од 324.000 домаќинства во земјата. Двајца работници загинаа, а двајца се повредени кога кран се превртел на градилиште во Краков. Уште еден маж загина во западна Полска кога дрво паднало врз неговиот автомобил, јавија локалните медиуми.
Погодена беше и Чешката Република, каде што повеќе од 300.000 домаќинства останаа без струја, а сообраќајот беше сериозно нарушен бидејќи соборените дрвја ги блокираа патиштата и железничките пруги.
Три деца се повредени во сообраќајна несреќа на југозападот од земјата и се хоспитализирани.
Невремето оштети или уништи многу покриви во земјата.
Во Холандија, погодена од ветрови со брзина од 100 километри на час, еден полицаец е повреден при пад на покрив на зграда во Дуивен во близина на Арнем, јави јавниот сервис.
Пожарникарите извлекле двајца повредени од автомобил на кој паднало дрво во градот Маслуис, на југот на земјата.
На аеродромот „Шипхол“ во Амстердам холандската авиокомпанија објави дека ќе откаже речиси 170 лета поради невремето в петок. Откажување летови и прекин на сообраќајот има и во другите европски земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.