Европа
(Видео) Голем пожар во италијанско пристаниште, изгореа неколку складишта
Голем пожар избувна синоќа во близина на пристаништето Анкона, италијански град на јадранскиот брег. Огромен чад и оган можеле да се забележат на самото место, пренесува „Ројтерс“, но засега нема извештаи за жртви.
https://t.co/xQVtA0dZGP L’incendio è iniziato alle 00:35 all’interno del… #16settembre #Ancona #Incendio pic.twitter.com/1inSqJoTfY
— alive.giornalesocialista (@LiveAvanti) September 16, 2020
Пожарникарите известија дека пожарот избувнал во близина на пристаништето триесетина минути по полноќ. Пожарот зафати неколку магацини, а 16 екипи со пожарникари биле испратени на самото место.
Пожарникарите превентивно остануваат и понатаму на пристаништето, кое целосно е затворено. Полицијата патролира во тој дел од градот на јадранскиот брег.
Un vasto incendio è divampato, per causa ancora in corso di accertamento, nella zona portuale di #Ancona. Il Comune ha chiuso in via precauzionale le scuole, i parchi e gli impianti sportivi all'aperto, in attesa delle verifiche sulla tossicità del fumo: https://t.co/uEsFa5xWu2 pic.twitter.com/KZU7V6ws0n
— Sky tg24 (@SkyTG24) September 16, 2020
„Кориере дела сера“ пишува дека причината за пожарот засега е непозната, но дека експлозијата во магацинот со ацетилен се разгледува како една од опциите.
Густ чад се ширел низ градот и бил видлив со километри, а силна миризба може да се почувствува во Анкона, известуваат медиумите.
Furioso incendio nella zona produttiva portuale di Ancona. pic.twitter.com/hc1Il3JS3t
— Tgr Rai Marche (@TgrMarche) September 15, 2020
Властите апелираат до граѓаните да не ги отвораат прозорците на своите куќи и станови, а градските паркови и јавните површини се затворени.
Корисниците на социјалните мрежи објавија фотографии од пожарот споредувајќи ја Анкона со Бејрут, каде што неодамна се случи голема трагедија кога експлодира амониумнитрат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германија уапси две лица: соработувале со Русите, планирале да ја саботираат армијата
Две лица, кои, освен германско, имаат и руско државјанство, се уапсени во Германија поради наводно планирање саботирање воени објекти, вклучително и американски, со цел да ја поткопаат воената поддршка за Украина, соопшти денеска германското Обвинителство. Властите извршија претрес во домовите и работните места на двајцата осомничени, кои се обвинети дека работеле за странска тајна служба, се наведува во соопштението на Обвинителството.
Еден од осомничените, идентификуван како Дитер С., разговарал за можни заговори со лице поврзано со руската тајна служба од октомври 2023 година, се посочува во соопштението.
Дитер С. подготвувал бомбашки напади и палење во воени објекти, вклучително и оние со кои управуваат американските сили, се додава во соопштението.
Според магазинот „Шпигел“, еден од објектите е воената база „Графенвоер“, во јужната сојузна држава Баварија, каде што украинските војници се обучуваат да управуваат со американските тенкови „Абрамс“. Руската амбасада во Берлин не одговори веднаш на барањето за коментар.
„Намерата на акциите беше да се поткопа воената поддршка што Германија и ја дава на Украина против руската воена агресија“, се вели во соопштението на германските обвинители.
Европа
Фон Дер Лајен: На Европа не и се заканува војна, но треба да бидеме подготвени и да произведуваме оружје
Европа во моментов не се соочува со непосредна закана од војна, но мора да биде подготвена за тоа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Заканата од војна можеби не е непосредна, но не е невозможна. Треба да бидеме подготвени и тоа започнува со итната потреба за зајакнување и трансформирање на вооружените сили на членките на блокот“, рече Фон дер Лајен на Европскиот самит за одбрана и безбедност.
Според неа, ЕУ мора да произведе оружје од новата генерација за да „победи на бојното поле“.
„Европа треба да се стреми да развие и произведе нова генерација на оперативни способности за да победи во битките и да обезбеди доволно материјално количество и технолошка супериорност што можеби ќе и треба во иднина, а тоа значи турбо полнење на нашиот одбранбен индустриски капацитет во следните пет години,“ изјави Фон дер Лајен.
Европа
(Видео) Русите го гранатираа Чернихив, загинаа најмалку 13 лица, Зеленски бара дополнителна помош
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери на потребната решителност и поддршка по рускиот ракетен напад врз северниот град Чернихив утринава, при што загинаа најмалку 13 лица.
„Ова немаше да дојде до ова доколку Украина добиеше доволно опрема за противвоздушна одбрана и ако беше доволна решеноста на светот да се спротивстави на рускиот тероризам“, објави Зеленски на „Телеграм“.
Министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко, во изјава за „Телеграм“ рече дека во нападот загинале најмалку 13 лица, а повеќе од 60 се повредени и дека спасувачките операции се во тек.
Во нападот беа оштетени и четири катни згради, болница, образовна институција и десетици автомобили, додаде тој.
Русија изврши напад со три крстосувачки ракети „Искандер“, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус во коментар за украинскиот јавен сервис „Суспилна“. Тој рече дека три проектили паднале во близина на центарот на градот и дека е оштетена цивилната инфраструктура.
Локалното население е повикано да дарува крв, изјави градоначалникот Олександр Ломако. Чернихив се наоѓа на речиси 150 километри северно од Киев, недалеку од границата со Русија. Кога руските сили ја нападнаа Украина во февруари 2022 година, Чернихив беше нападнат, но не беше преземен.