Европа
(Видео) Гутереш повика на солидарност: Сите да придонесеме за закрепнување во 2022 година
Во својата новогодишна порака, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повика 2022 година да биде година на закрепнување за луѓето, планетата и просперитетот.
„Да направиме заедно закрепнувањето да биде наша одлука за 2022 година, да се обединиме за решенија што може да им помогнат на сите луѓе, да продолжиме заедно со надеж за она што може да го постигнат нашите семејства“, рече Гутереш во новогодишната порака.
Тој изјави дека светот ја очекува 2022 година со надеж за иднината, што е ставено на тест поради продлабочената сиромаштија, зголемената нееднаквост, нееднаквата распределба на вакцините против Ковид-19, неисполнетите климатски обврски, како и постојаните конфликти, поделби и дезинформации.
Според него, тоа не се само тестови на политиката, туку и тестови на моралот и реалниот живот.
„Ова се испитите што може да ги положи целото човештво ако се посветиме 2022 година да биде година на закрепнување за сите“, рече највисокиот претставник на ОН.
Гутереш детаљно објасни како закрепнувањето треба да се реализира на секој фронт.
Според него, пандемијата бара јасен план за вакцинација на секој човек, секаде во светот, а за економско закрепнување потребно е побогатите земји да го поддржат светот во развој преку финансирање, инвестиции и олеснување на долговите.
Во меѓувреме, за да закрепне светот од недовербата и поделеноста, потребно е, како што тврди, нов акцент да се стави на науката, фактите и на разумот.
Во исто време, закрепнувањето од конфликтот бара обновен дух на дијалог, компромис и помирување, а закрепнувањето на нашата планета бара напори за решавање на климатските промени, кои се во согласност со обемот и итноста на кризата, вели Гутереш во новогодишната порака.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.