Европа
(Видео) Поплавените куќи цел на арамии во Германија, крадците ја користат ситуацијата со поплавите
Арамиите ја искористуваат ситуацијата со поплавите во Германија, напуштените куќи се цел на крадци, информираат медиумите во таа земја.
Според написите, напуштените продавници, златарници и куќи се цел на ограбувачи.
Катастрофалните поплави што ја погодија Германија, покрај уништувањето предизвикано од пороите и поплавите, создадоа и инвазија на криминалци.
Во Столберг кај Ахен криминалците веќе ја искористиле ситуацијата предизвикана од поплавите, соопшти полицијата. Имаше индивидуални случаи на грабежи на продавници, а еден осомничен беше уапсен и за грабеж на златарница, кој бил фатен со плен во самата продавница.
Неколку странци побегнале кога полицајци се приближиле до супермаркетот.
Сега во Столберг има поголем број полицајци, кои имаат наредба да го заштитат имотот на жителите што мораа да го напуштат овој град, известуваат германските новинари.
Според полициски извори, сѐ поголем е бројот на загинати во катастрофалните поплави, кои ги зафатија регионите на Рајнанд-Фалц и Северна Рајна-Вестфалија.
Во овие делови паднаа 148 литри дожд на квадратен метар во текот на ноќта. Околу 200.000 домаќинства во тој дел од земјата останаа без електрична енергија.
Министерот за внатрешни работи на рајнската област, Роџер Левент, изјави дека исчезнале меѓу 50 и 70 лица. Не е познато дали се починати, дали биле на годишен одмор или нашле засолниште на друго место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.