Европа
(Видео) Младите од Тбилиси со улични журови протестираат против рациите во ноќните клубови
Ноќта меѓу петокот и саботата полицијата извршила рации во два популарни ноќни клуба во грузискиот главен град Тбилиси, при што биле уапсени осум лица. Меѓутоа, полициската акција привлече внимание во јавноста и предизвика големи протести.
Рацијата во ноќните клубови „Басијани“ и „Галери“ била извршена под сомнение дека таму се продавала дрога, а според полициското соопштение, во акцијата биле уапсени осуммина дилери. Медиумите објавија дека вечерта биле приведени 70 луѓе, кои набргу потоа биле ослободени.
Tbilisi #Bassiani protests bring clubbing to the streets. If you raid our clubs we will party downtown. @BASSSIANI #freedom pic.twitter.com/JdPKdkP1oV
— Mikheil Benidze (@mbenidze) May 12, 2018
Како директна причина за полициската акција се наведуваат неодамнешните смртни случаи во кои од предозирање починаа петмина млади луѓе. Инаку, Грузија има многу строги закони кога станува збор за употребата на дрога.
Од друга страна, сведоците велат дека полицијата користела прекумерна сила и дека рациите немале никаква врска со дрогата, туку дека биле демонстрација на сила.
Клубот „Басиjани“ претходно на „Фејсбук“ објави дека младите луѓе што се предозирале воопшто не биле гости во дискотеката и дека тие немаат никаква врска со тоа. Веднаш потоа започнаа и протестите – во саботата неколку стотици луѓе се собраа пред парламентот во главниот град на Грузија, а еден ден подоцна десетици илјади. Граѓаните на Тбилиси на протестот пуштаа техно и рејв-музика, а на снимките може да се види дека сè изгледа како голема забава.
Според медиумите, рејв-револуцијата е бунт против рациите што демонстрантите ги гледаат како напад врз растечката клупска сцена во градот.
Демонстрантите бараат оставка на премиерот, Ѓорѓиј Квирикашвили, и министерот за внатрешни работи, Ѓорѓиј Гебришвили.
„Треба да им покажеме дека моќта е во наши раце, во рацете на оние што сакаат слобода“, рекла млада демострантка на собирот пред парламентот, јави „Ројтерс“.
We dance togather, we fight togather #Tbilisi #Bassiani pic.twitter.com/jJi04KpZWg
— Sophio Datishvili (@sofie_sopo) May 12, 2018
За време на протестот голем број полицајци се распоредиле на улиците, а контрамарш организирале приврзаниците на екстремната десница. Медиумите известуваат дека полицијата ангажирала и водни топови, кои би можеле да бидат употребени со цел да се спречи судир меѓу десничарите и демонстрантите.
Покрај тоа, медиумите известуваат дека претставниците на демонстрантите оствариле средба со министерот Гебришвили, кој ветил измени во законот за наркотични дроги.
Инаку, ноќните клубови „Басијани“ и „Галери“ се едни од ретките во Тбилиси, град каде што ноќниот живот не е толку развиен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.