Европа
Германските демохристијани официјално ја потврдија Меркел за кандидатка за канцеларка
Демохристијанската унија на сестринските партии Христијанско-демократската унија (CDU) и баварската Христијанско-социјална унија (CSU) во понеделникот официјално ја избраа за кандидатка за канцеларка на парламентарните избори кои ќе се одржат во септември годинава.
„Ние заеднички одиме во предизборната кампања“, изјави претседателот на CSU, баварскиот премиер Хорст Зеехофер, во понеделникот по состанокот на раководствата на двете партии од владејачката унија.
Германската канцеларка и воедно претседателка на CDU, Ангела Меркел, изјави дека двете сестрински партии „разговараа за сите теми“. „Последните месеци ситуацијата и не беше секогаш најповолна, но сега разговаравме за сé“, рече Меркел во понеделникот.
Поддршката за Меркел од CSU, којашто е ограничена само на сојузната земја Баварија каде што ја застапува демохристијанската опција и владее со децении, долго време беше доведување во прашање поради жестоките критики на сметка на имиграантската политика на Амгела Меркел, бидејќи оваа федерална единица беше најпогодената од огромниот мигрантски бран кој изминатите две години ја зафати Германија.
Засега јавно CDU не го прифати едно од основните барања на CSU, а тоа е воведување на горната граница бегалци и баратели на азил кои на годишно ниво може да влезат во Германија. Од CSU најавија дека не се откажале од ова барање, како и дека ќе ги вложат сите напори тоа да влезе во коалицискиот договор.
Во заедничкото соопштение на Унијата CDU/CSU се истакнува дека Германија под водството на Ангела Меркел е „оаза на стабилноста“ и оти на германските граѓани „им оди подобро од кога и да е“.
На почетокот од декември CDU на својот партиски конгрес повторно ја избра за партиски челник Ангела Меркел, што според статутот автоматски повлекува и нејзина кандидатура на нов, четврти по ред, канцеларски мандат.
Минатата седмица и Социјалдемократската партија на Германија (SPD), којашто со демохристијаните сега е во ткн „голема коалиција“ која поради разни околности само неколкупати е формирана, наместо на досегашниот претседател и вицеканцелар Зигмар Габриел, за партиски челник го избра Мартин Шулц, со што тој автоматски е кандидат за канцелар од редовите на социјалдемократите, за што и пред крајот на минатата година се откажа од должноста претседател на Европскиот парламент.
Оттогаш популарноста на SPD е во пораст, иако претходно во анкетите заостануваше зад демохристијаните и за 15 отсто. Според анкетата објавена во понеделникот, доколку изборите би се одржале веднаш, социјалдемократите водени од Шулц би ги победиле конзервативците на Меркел. SPD би добил 31 отсто од гласовите, а CDU/CSU 30 проценти.
Во ова истражување на јавното мнение што го спровела агенцијата INSA за дневниот таблоид Bild, релативно младата европскептична и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD) и натаму се етаблира како трета политичка сила во земјата со моментална поддршка од 12 отсто од избирачите и речиси сигурно првпат во својата историја ќе добие пратенички мандати во сојузниот парламент./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.