Европа
Зигмар Габриел нов шеф на германската дипломатија
Германскиот претседател Јоаким Глаук го именуваше во петокот во својата берлинска резиденција, во присуство на канцеларката Ангела Меркел, новиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел, кој на оваа должност го заменува досегашниот шеф на дипломатијата Франк-Валтер Габриел, додека на досегашната должност на Габриел како министер за економија доаѓа неговата социјалдемократска сопартијка Бригите Циприс.
„Името на Франк-Валтер Штајнмаер ќе остане поврзан со поимот на германската надворешна политика“, изјави германскиот претседател Јоаким Глаук во текот на именувањето на неговото место на досегашниот вицеканцелар и министер за економија Зигмар Габриел, кој досега е претседател на Социјалдемократската партија на Германија (SPD).
Социјалдемократот Штајнамер кон средината на февруари би требало да биде избран на должноста претседател на Германија, кој се бира во парламентот во неколку круга од предлогот на мнозинството и по договор меѓу парламентарните партии. Оваа позиција според договорот со мнозинските демохристијани од Унијата CDU/CSU на канцеларката Ангела Меркел, ќе ја добие SPD кој е малцински партнер во ткн голема коалиција, а Габриел ќе го замени досегашната државна секретарка Бигите Ципрес.
Овие кадровски промени се изнудени со одлуката на Габриел да се повлече од вицепремиерската должности и од челната во SPD за да овозможи досегашниот претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц, да се кандидира за канцелар на парламентарните избори во септември годинава, за што треба да атакува од позиција на претседател на партија.
Досега се сметаше дека Габриел ќе биде кандидат за канцелар кој ќе ѝ спротистави на Меркел, а Шулц, кој не располага речиси со никакво внатрешно политичко искуство и досега главно извршуваше должности поврзани со Европската унија, ќе ја преземе должноста шеф на дипломатијата.
Претходно во вторникот и германскиот претседател Јоаким Глаук потврди дека парламентарните избори ќе се одржат на 24-ти септември.
Според досегашните испитувања на јавното мнение, демохристијанската Унија CDU/CSU, предводена од канцеларката Ангела Меркел уверливо води со поддршка од 31 до 38 отсто, додека SPD има поддршка од 20 проценти од гласачите. Во налет е младата евроскептична и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), којашто може да се надева на 10 до 15 отсто од гласовите, што ја прави трета според влијанието германска политичка опција./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.