Контакт

Европа

Качински предупредува дека ЕУ „на Германија“ со Туск ризикува потешка криза

Објавено пред

Челникот на полската владејачка партија Правда и справедливост (PiS), Јарослав Качински го обвини поранешниот полски премиер и досегашен претседател на Европскиот совет, Доналд Туск, дека е „германски кандидат“ и предупреди дека неговиот нов мандат ќе ја продлабочи кризата во Европската унија.

dobivaj vesti na viber

 

Во разговорот за неделникот Gazeta Polska, којшто ќе биде објавен во среда, од коешто делови пренесе во вторникот полската новинска агенција PAP, лидерот на конзервативната владејачка партија Правда и справедливост (PiS), Јарослав Качински, тврди дека во моментов Европската унија е водена од Германија, иако таа е „преслаба држава за таа улога“.

Доналд Туск е „германски кандидат“, тврди Качински. Меѓутоа, Германија „нема доволен потенцијал, ниту економски, ниту воен, за доминација со Стариот континент“, вели Качински.

Сегашната германска доминација во ЕУ е „вештачка состојба“ којашто произлегува од економските односи и „неискажливиот опортунизам на бриселските елити“.

„Таа конструкција е осудена на пропаст и изборот на Туск за втор мандат би претставувал нов чекор кој Европската унија би ја приближил кон уште потешка криза од оваа сегашната“, оценува Качински.

Челникот на полските конзервативци, исто така, го обвинува Туск за недостиг од неутралност во полската внатрешна политика и му забележува дека целосно отворено ја поддржува опозициската либерална партија Граѓанска платформа (PO), која ја водеше додека беше на власт.

Од PiS го обвинуваат Туск дека „го погазил принципот на неутралност кон земја членка на ЕУ, во овој случај токму кон Полска“. Како што минатата седмица беше наведено во соопштението на партијата објавено на нејзината интернет страница, Туск ги поддржувал проектите и одлуките кои биле во спротивност со полските интереси и дал поддршка на политичката опозиција во својата татковина.

Новиот евентуален мандат на Доналд Туск би требало да биде на дневен ред следата седница на Европскиот совет која ќе се одржи на 9-ти март во Брисел. Полска самата не може да го спречи повторниот избор на Туск за претседател на Европскиот совет, бидејќи за тоа не е потребен консензус.

Во обидот да го спречи повторниот избор на Туск, официјална Варшава во последниот момент предложи друг кандидат, полскиот европратеник 68-годишниот Јацек Сариуш-Волски. Тој од 2004 година е пратеник во Европската парламент каде што и тој и пратениците на PiS се членови на најголемата пратеничка група Европската народна партија (EPP). Официјално е член на најголемата полска опозициска партија Граѓанска платформа (PO), но таа неодамна се дистанцираше од него./крај/мф/сн

Европа

Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга

Објавено пред

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.

dobivaj vesti na viber

„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.

Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.

Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.

Прикажи повеќе...

Европа

Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални

Објавено пред

Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.

Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.

Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.

Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.

Прикажи повеќе...

Европа

Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа

Објавено пред

Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.

dobivaj vesti na viber

Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.

Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.

Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.

Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Силјановска за убедливото водство: На пати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија51 минута

Стоилковски: Разликата е над 150 илјади, обработени се 75 отсто од гласовите

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски изјави дека разликата е над 150 илјади во корист на кандидатот за претседател Гордана Силјановска...

Македонија1 час

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија2 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија2 часа

Евидентирани 12 случаи на фотографирање гласачко ливче, шест пријави за нудење поткуп и 15 пријави за агитирање, соопшти Тошковски

Според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денешниот изборен ден поминал во безбедна, мирна и демократска атмосфера. Како што рече,...

Македонија3 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија3 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија3 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија3 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија4 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија4 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија4 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија4 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија5 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија5 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија7 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија9 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија10 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....

Македонија10 часа

Најдена димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места. „Досега МВР нема регистрирано...

Македонија10 часа

На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто

До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи...