Европа
Кошмарот од Лондон на пат да се повтори и во Антверпен – маскиран маж се обидел да прегази луѓе !?
Белгиската полиција уапси маж, кој се обиде со автомобил со голема брзина да се втурне во луѓето кои се наоѓале на трговска улица во градот Антверпен, пренесува AFP, повикувајќи се на портпаролот на полицијата
„Автомобил со француски регистарски број се обиде со голема брзина да влезе на Меир (трговска улица)“, информира во четвртокот агенцијата.
„Одведен е маж, облечен во маскирна облека“, изјавил портпаролот на прес-конференција во Антверпен.
Во терористичкиот напад во Лондон, на ист начин, загинаа 5 лица, а најмалку 40 се повредени. При тоа екстремистот кој ги газеше пешаците на Вестминстерскиот мост, со нож избоде полицаец.
Премиерот на Велика Британија Тереза Меј го окарактеризира нападот за „одвратен“ и за удар врз вредностите на слободата, демократијата и слободата на говорот.
Веднаш по инцидентот жителите на Лондон масовно ги користеа социјалните мрежи за да изјават солидарност со настраданите и дека не се плашат од тероризмот.
Многу од нив објавија профили со логото на лондонското метро со натпис „Не ни е страв“
Симболот за првпат беше користен по нападите во подземната железница во 2005 година.крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Писториус: Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за војната во Украина
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус тврди дека Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за да ја продолжи својата специјална воена операција во Украина.
Во интервју за телевизијата „АРД“, тој беше прашан дали го дели стравот на балтичките земји дека Русија ќе може да ја нападне територијата на НАТО за неколку години, тој одговори дека нема кристална топка за да ја предвиди иднината, пренесе ТАСС.
„Но, она што го велат воените експерти и специјалистите за оружје е дека Русија го зголемува производството на оружје“, рече тој.
Писториус истакна дека поголемиот дел од произведеното не се испраќа на фронт, туку оди во магацини. Според германскиот министер за одбрана, во случај на ескалација ќе биде вклучено целото НАТО.
„Во тој случај треба да можеме да се одбраниме, да водиме војна која ќе ни биде наметната. Затоа не штедиме напори за соодветно опремување на вооружените сили во Европа, во НАТО“, додаде тој.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.