Европа
Критики од Норвешка за ЕУ: Направивте сериозни грешки за време на пандемијата
Службеникот на норвешкото Министерство за здравство, Бјорн Инге Ларсен, го обвини Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ЕЦДЦ) дека направил сериозни грешки за време на пандемијата.
Според него, одлуката на бирократите во Брисел да ги задржат границите отворени за време на пандемијата на Ковид-19 била погрешна и тој дал неколку докази за тоа.
Ларсен потсети на ситуацијата од почетокот на 2020 година кога штотуку почна пандемијата и кога многу земји од ЕУ одлучија да ги затворат своите граници или да воведат многу ограничувачки мерки за влез во земјите на Унијата.
Сепак, тогаш ЕЦДЦ се огласи и рече дека таквата одлука може само да ја влоши состојбата со пандемијата и практично да ја саботира одлуката.
„Може да се кажат многу убави работи за Европскиот центар за контрола на болестите, но тие направија сериозни грешки за време на оваа пандемија. Тие постојано ни сугерираа дека не треба да имаме ограничувања за влез во европските земји и прилично сме сигурни дека ограничувањата за влез се една од најважните алатки што ги користевме“, рече Ларсен, објави националниот радиодифузер НРК.
Ова доведе до тоа земјите од ЕУ да мора да се откажат од затворање или ригорозни контроли на своите граници, што, според Ларсен, беше погрешно.
„Според мое мислење, тоа беше сосема погрешно во оваа пандемија. Трите земји што навистина се фокусираа на границите, имено Исланд, Финска и Норвешка, се единствените европски земји што успеаја да ја спречат инфекцијата“, рече Ларсен.
Тој потсети дека Норвешка некое време ја потенцира позицијата дека границите треба да останат затворени и тоа беше случај. Сепак, земјата мораше да попушти на притисокот од Брисел и границите беа отворени летото 2020 година. Според него, епилогот е огромен пораст на новозаразени на почетокот на есента.
„Кога Центарот се соочи со критики, нивниот одговор беше: жал ни е. Тогаш немаше доволно докази за поддршка на затворање на границите. Но, сега сме повнимателни и препорачуваме земјите да ги тестираат патниците што влегуваат и да има некаков вид карантин за нив“, додаде тој.
Бјорн Инге Ларсен претходно беше норвешки директор за здравство и беше член на одборот на Светската здравствена организација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.