Европа
Организаторите на Рајнскиот карневал стравуваат од терористички напади и инциденти со имигрантите
Градските власти во германскиот град Келн го забранија движењето на товарни возила во текот на карневалската свеченост кој крајот на февруари, а полицијата истовремено на организациите кои се грижат за имигрантите им советува да не организираат посети на карневалските настани, за да се избегнат можните инциденти.
„Ќе се погрижиме за тоа поголемите возила да немаат пристап до центарот на градот, а особено ќе бидат заштитени областите низ кои минуваат карневалските поворки“, соопшти полицијата на Келн во неделата, пренесуваат медиумите.
Местата на коишто може да се соберат најголем број луѓе ќе бидат дополнително заштитени со бетонски блокови, за да бидат оневозможени терористички напади како оној на божикниот базар во Берлин на 19-ти декември со 12 жртви, и претходниот од 24-ти јули во француска Ница кога беа убиени со камион 86 луѓе.
Полицијата во Келн во рамите на специјалните безбедносни подготовки на имигрантските институции на пошироката област на градот и испратила допис во кој ги одвраќа од организирање посети на групи имигранти на карневалските свеченост.
„Масовната појава на групи бегалци на едно место во текот на карневалот е нешто што треба да се гледа критички. Имајќи ја предвид моменталната безбедносна ситуација во Германија, стравуваме од негативните реакции и несакани реакции“, се наведува во дописот на полицијата во коешто на управите на бегалските домови им се препорачува, доколку и се обидат да учествуваат во карневалските прослави, без отпор да бидат подложени на засилени безбедносни контроли.
Со ваквите мерки безбедносните служби реагираат на настаните од новогодишната ноќ мешу2015и 2016 година, кога стотици имигранти во центарот на Келн масовно сексуално злоставуваа, ограбуваа па дури имаше силување на жени.
Организациите за заштита на имигрантите го критикуваа дописот од полицијата и зборуваат за „поинаков третман на лицата со поинаква надворешност“.
Келнскиот Рајнски карневал со повеќе од милион посетители е една од најголемите вакви манифестации во светот, а претставува кулминација на покладните свечености оваа година ќе биде карневалската поворка (станува збор за празникот Прочка) – во понеделникот 27-ми февруари.
И минатата година имаше стравувања дали многу имигранти кои доаѓаат од конзервативни традиционални делови на светот културолошки ќе го прифатат опуштеното карневалско славење, но минатогодишниот карневал, прв по големиот мигрантски бран, мина без поголеми инциденти./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.