Европа
Пропадна спојувањето на италијанските евроскептици и либералите во ЕП
Планираното влегување на италијанското евроскептично и антилетистичко Движење пет ѕвездички (М5Ѕ) во пратеничката група на европските либерали во Европскиот парламент пропадна поради бунтот во редовите на либералите.
Членовите на италијанското евроскептично Движење пет ѕвездички (М5Ѕ), коишто досега беа во истата пратеничка група со британскиот UKIP, изгласаа во понеделникот преминување во фракцијата на европските либерали ALDE, изразено проевропска групација во Европскиот парламент.
На европските избори во 2014 година М5Ѕ освои 17 пратенички мандати, а во кампањата се заземаше за излегување на Италија од еврозоната, Тие 17 пратеници влегоа во пратеничката група на Европа на слободата и непосредната демократија (EFDD) во која беа и пратениците на Партијата за независност на Велика Британија (UKIP) на Најџел Фараж, еден од главните поборници за излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија.
Гласањето во ALDE за ова прашање беше предвидено за вторникот, но во понеделниот повеќе либерални пратеници отворено истапиле против таквото неприродно спојување, Неколку либерални партии од Финска, Данска, Шведска и Естонија, здружени во ALDE се заканија дека ќе ја напуштат либералната пратеничка група, доколку им се придружи М5Ѕ.
После тоа, во понеделникот ноќта се огласил и шефот на европските либерали Ги Верхофстат, потврдувајќи дека нема да се случи планираното спојување.
„Дојдов до заклучокот дека нема доволно гаранции за заедно да работиме на реформата на Европа. И натаму се присутни клучните разлики во ставовите за некои од основните европски прашања, како што е еврото“, истакнува во писмената изјава Верхофстад.
Одлуката за спојувањето на италијанските евроскептици со либералите, кои ги води Верхофстад кој е еден од најголемите заговорници на европскиот федерализам, претставуваше огромно изненадување за многумина.
ALDE, којашто сега има 63 пратеници, со 17-те пратеници на М5Ѕ би станала третата парламентарна група во ЕП, по Европската народна партија (ЕРР) и европските социјалисти и можеби во тоа се кријат причините за овој невообичаен потег. Верхофстад, имено, ја истакна својата кандидатура за претседател на Европскиот парламент и во таа трка добро би му дошле поголемиот број обезбедени гласови.
Од друга страна, за движењето М5Ѕ на познатиот сатиричар и блогер Бепе Грило е важно да дејствува во пратеничка група во ЕП, бидејќи на тој начин пратениците имаат многу поголема тежина откако кога делуваат како самостојни, а покрај тоа и политичките групи имаа право на дополнителни финансиски средства. Своите цели во заедничката пратеничка група со британската UKIP, не можеше да се оствари, имајќи дека UKIP по референдумот за Брегзит, ја постигна својата главна цел.
Во Европскиот парламент не е невообичаено да се здружуваат доста различни партии, но вакво спојување на евроскептици со најголемите поборници на европскиот федерализам уште не е забележано.
Во ЕП за да се формира пратеничка група потребни се 25 пратеници од најмалку седум земји членки на ЕУ. Пратениците кои делуваат во рамките на неколкуте пратенички групи имаат многу поголеми изгледи да ја протуркаат својата агенда, а имаат исто така и повеќе време за излагања на пленарните седници. Исто така, пратеничките групи може да сметаа и на дополнителни субвенции меѓу 20 и 30 милиони евра во петгодишниот период./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.