Европа
Словенечки лекар примил две дози вакцина и пак се заразил
Лекар во Словенија, вработен во Клиничкиот центар во Марибор, повторно се заразил со коронавирус откако претходно бил вакциниран со две дози на вакцина, потврдија во втората по големина болница во Словенија.
Според медицинските власти во оваа земја, реинфекцијата е можна бидејќи ниту една вакцина не е стопроцентно ефикасна и откако ја потврдиле инфекцијата со ПЦР-тест, тие го следеле пропишаниот протокол и ги информирале епидемиолозите.
Лекарот, како што информираат медицинските служби, неодамна се вратил од Африка, па се претпоставува дека тој можеби бил заразен со јужноафриканскиот вид на вирус, што сè уште не е докажано.
Како што изјави микробиологот Цаја Шохар Шетник од Националната лабораторија за здравје, животна средина и храна, за состојбата на епидемијата со Ковид-19 на микробиолозите им треба најмалку една недела за да го следат геномот на вирусот и да ги потврдат видовите.
Анализата за можното присуство на нови соеви, се прави со издвојување на десет проценти од позитивни примероци од ПЦР-тестирањата. Досега се пронајдени и потврдени вкупно 35 случаи на британскиот вид, а ниту еден случај од јужноафриканскиот или бразилскиот вид на коронавирус па поради тоа се претпоставува дека новите видови коронавирус во Словенија не се многу проширени.
Епидемиолозите предупредија дека состојбата со нови случаи со Ковид-19 стагнира, а со тоа се намалува и бројот на смртни случаи додека пак состојбата во болниците се подобрува.
Словенечкиот премиер Јанез Јанша вчера пред парламентот изјави дека Словенија и Европа може да бидат погодени од третиот бран на епидемијата од Ковид-19 поради новите соеви на коронавирусот и дека тоа е сосема реално.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.