Европа
Тајани во водство на изборите за претседател на Европскиот парламент
По првата рудна од гласањето за претседател на Европскиот парламент во вторник во Стразбур во водство е Европскиот народна партија (EPP) Антонио Тајани со 274 освоени гласови, додека неговиот противкандидат од редовите на социјалдемократите Џани Питела доби поддршка од 183 пратеници.
Во текот на гласањето од 751 пратеници, гласаа 718 од кои 683 беа валидни, додека 35 гласови се неважечки. Покрај 274-те гласови за Антониот Тајани и 183 за Џани Питела, Хелга Стевенс од Европските конзервативци и реформисти (ECR) освои 77 гласови, Британката Џин Ламберет од Зелените/Европски слободен сојуз – 50, Лорент Ребага од Европа на слободата и непосредната демократија (EFDD) – 43 гласови.
Бидејќи ниеден кандидат не освои апсолутно мнозинство, 50 отсто плус еден глас, се оди во вториот круг од гласањето. Според извештаите на медиумите од Стразбур кои поседуваат информации од пратеничките групи, Сојузот на либералите и демократите за Европа (ALDE0 му дал целосна поддршка на Тајани, со исклучок на холандските либерали од партијата Демократи 66 (D66).
Се дознава дека лидерот на холандските либерали, Ги Верхофштад кој се повлече од трката за наследникот на Мартин Шулц, би можел да го замени Доналд Туск на местото претседател на Европскиот совет, а пратеникот од редовите на ALDE, би можел да ја добие потпретседателската позиција во Европскиот парламент,
Потпретседателката и портпаролка на социјалдемократите Тања Фајон го обвини Верховштад поради неговата поддршка за Тајани за „политичка недоследност“, а неговиот потег го нарече „спектакуларно салто“.
„Од Бепе Грило до Берлускони во помалку од една седмица, Верхофштад дополнително ја докажа својата политичка недоследност, изведувајќи спектакуларно салто“, соопшти Фајон. Според неа, „откако Верхофштад се обиде да изведе трагикомични потег со популистичкото Движење пет ѕвездички (M5S) за да ги зголеми личните шанси за победа, изгледа дека челникот на либералите сега склучил договор со човекот на Берлускони во Брисел“, кандидатот на EPP, Тајани.
Фајон вели дека социјалдемократите на либералите им понудиле „проевропски“ договор на кој не добиле одговор, и оти „изгледа дека Верхофштад за тоа не ги известил своите колеги“. Исто така, изрази уверување дека на овој состав на Европскиот парламент му е потребна „поамбициозно и потранспарентно мнозинство“.
Пред изборите аналитичарите му даваа блага предност на Тајани, пред неговиот сонародник Питела, кој со истакнувањето на својата кандидатура објави крај на „големата коалиција“ меѓу демохристијаните и социјалдемократите во распределбата на челното место во парламентот.
Распределбата на нашите функции се меѓу најтешките одлуки во ЕУ, бидејќи се донесуваат почитувајќи ја политичката, географската и половата рамнотежа, повеќето по преговори меѓу паневропските партиски сојузи и државите членки. Европските челници во 2014 година на функцијата претседател на Европскиот совет го именуваа Доналд Туск, конзервативен поранешен премиер на полскиот премиер, но и италијанската министерка за надворешни работи Федерика Могерини, социјалистка, како висока претставничка за надворешна и безбедносна политика за ЕУ. Истата година за претседател на Европската комисија е избран поранешниот луксембуршки премиер, конзервативец Жан-Клод Јункер, откако EPP освои најмногу мандати во Европскиот парламент./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германија уапси две лица: соработувале со Русите, планирале да ја саботираат армијата
Две лица, кои, освен германско, имаат и руско државјанство, се уапсени во Германија поради наводно планирање саботирање воени објекти, вклучително и американски, со цел да ја поткопаат воената поддршка за Украина, соопшти денеска германското Обвинителство. Властите извршија претрес во домовите и работните места на двајцата осомничени, кои се обвинети дека работеле за странска тајна служба, се наведува во соопштението на Обвинителството.
Еден од осомничените, идентификуван како Дитер С., разговарал за можни заговори со лице поврзано со руската тајна служба од октомври 2023 година, се посочува во соопштението.
Дитер С. подготвувал бомбашки напади и палење во воени објекти, вклучително и оние со кои управуваат американските сили, се додава во соопштението.
Според магазинот „Шпигел“, еден од објектите е воената база „Графенвоер“, во јужната сојузна држава Баварија, каде што украинските војници се обучуваат да управуваат со американските тенкови „Абрамс“. Руската амбасада во Берлин не одговори веднаш на барањето за коментар.
„Намерата на акциите беше да се поткопа воената поддршка што Германија и ја дава на Украина против руската воена агресија“, се вели во соопштението на германските обвинители.
Европа
Фон Дер Лајен: На Европа не и се заканува војна, но треба да бидеме подготвени и да произведуваме оружје
Европа во моментов не се соочува со непосредна закана од војна, но мора да биде подготвена за тоа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Заканата од војна можеби не е непосредна, но не е невозможна. Треба да бидеме подготвени и тоа започнува со итната потреба за зајакнување и трансформирање на вооружените сили на членките на блокот“, рече Фон дер Лајен на Европскиот самит за одбрана и безбедност.
Според неа, ЕУ мора да произведе оружје од новата генерација за да „победи на бојното поле“.
„Европа треба да се стреми да развие и произведе нова генерација на оперативни способности за да победи во битките и да обезбеди доволно материјално количество и технолошка супериорност што можеби ќе и треба во иднина, а тоа значи турбо полнење на нашиот одбранбен индустриски капацитет во следните пет години,“ изјави Фон дер Лајен.
Европа
(Видео) Русите го гранатираа Чернихив, загинаа најмалку 13 лица, Зеленски бара дополнителна помош
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери на потребната решителност и поддршка по рускиот ракетен напад врз северниот град Чернихив утринава, при што загинаа најмалку 13 лица.
„Ова немаше да дојде до ова доколку Украина добиеше доволно опрема за противвоздушна одбрана и ако беше доволна решеноста на светот да се спротивстави на рускиот тероризам“, објави Зеленски на „Телеграм“.
Министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко, во изјава за „Телеграм“ рече дека во нападот загинале најмалку 13 лица, а повеќе од 60 се повредени и дека спасувачките операции се во тек.
Во нападот беа оштетени и четири катни згради, болница, образовна институција и десетици автомобили, додаде тој.
Русија изврши напад со три крстосувачки ракети „Искандер“, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус во коментар за украинскиот јавен сервис „Суспилна“. Тој рече дека три проектили паднале во близина на центарот на градот и дека е оштетена цивилната инфраструктура.
Локалното население е повикано да дарува крв, изјави градоначалникот Олександр Ломако. Чернихив се наоѓа на речиси 150 километри северно од Киев, недалеку од границата со Русија. Кога руските сили ја нападнаа Украина во февруари 2022 година, Чернихив беше нападнат, но не беше преземен.