Европа
Џихадистите користат онлајн посредници за регрутирање млади Германци
Екстремната организација Исламската држава користи посредници на социјалните мрежи и сервиси за инстант пораки за регрутирање на млади Германци, од кои некои имаат само 13 или 14 години, изјави во четвртокот челникот на германското разузнавање.
Челникот на германското внатрешно разузнавање Сојузното биро за заштита на уставот (Bundesverfassungsschutz – BfV), Ханс-Георг Маасен, исто така, прави паралела меѓу оваа џихадистичка терористичка организација и радикалните движења од минатото како што се комунизмот или германскиот националсоцијализам на Адлоф Хитлер, кои исто така ги привлекуваа младите луѓе.
„На социјалните мрежи постојат посредници кои и пристапуваат на младите луѓе и се обидуваат да ги заинтересираат за таа (исламистичка) идеологија“, изјави Маасен на средбата со странските новинари во Берлин.
Наведе неколку на германско-мариканско девојче, 16-годишната Сафија С. која е обвинета дека со нож избодела полицаец на железничката станица во Хановер во февруари 2016 година и на 12-годишното германско-ирачко момченце кое се обидувало да детонира две експлозивни направи во западниот град Лудвисхафен во декември во текот на одржувањето на божикните базари.
Обвинителството на судењето на Сафија во четвртокот побара во завршните зборови од судијата да ја осуди за обид за убиство, нанесување тешки телесни повреди и поддршка на странска терористичка организација на шест години затвор. Пресудата се очекува на 26-ти јануари.
Обвинителството, исто така, бара тригодишна затворска казна за Мохамад Хасан , 20-годишното германско-сириско момче обвинето дека знаело за планираниот напад на Сафија, а за тоа не ја известило полицијата.
Околу 20 отсто од околу 900 луѓе од Германија коишто ги регрутирала Исламската држава да ѝ се приклучат на нејзината борба во Ирак и во Сирија се жени, а некои од нив имаат само 13 или 14 години.
Германските власти водат надзор на 548 исламисти за кои се смета дека претставуваа ризик за безбедноста, но германскиот закон не дозволува нивно апсење доколку не сториле злосторство, појасни Маасен./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.