Европа
Тимошенко се појави на второто сослушување пред украинскиот јавен обвинител
Лидерката на украинската опозициска партија „Татковина“ и поранешна премиерка, Јулија Тимошенко, заедно со својот адвокат денеска се јави на сослушување пред Државниот обвинител
Канцеларијата на Државниот обвинител на Украина минатата среда отвори истрага за кривично дело против Јулија Тимошенко за злоупотреба на средствата добиени од продажба на квотата доделена за Украина за емитување гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклената градина во рамките на Протоколот од Кјото.Во текот на нејзиното сослушување во близина на зградата на истражниот оддел на Обвинителството се собрале неколку стотици приврзаници на Тимошенко кои бараат прекинување на постапката за кривичното гонење на нивната лидерка.„Целиот овој процес е обид на Јанукович да се ослабе отпорот на опозицијата“, им изјавила Тимошенко на новинарите пред канцеларијата на државниот обвинител.Таа не исклучила дека по денешниот распит може да и биде одреден и притвор.„Владата на Јанукович денеска сака да се справи со нејзиниот главен политички противник, но нема да успее во тоа“, изјавила поранешната украинска премиерка.Тимошенко додала дека нејзиното рабтоење додека беше премиерка било сосема легитимно и легално. Таа рекла дека бара јавен процес и дека нема од што да страхува.Како што јавуваат странските агенции, украинската полиција околу зградата на Обвинителството поставила заштитна ограда и засилени полциски тимови кои го следат протестот на приврзаниците на Тимошенко.Таа веќе неколкупати беше на распит пред украинското обвинителство. По распитот од минатата среда, Тимошенко изјави дека обвинителот се интересирал за наводни злоупотреби од нејзина страна на средства добиени според Протоколот од Кјото. На Тимошенко во меѓувреме и’ е наредено да не ја напушта државата.Претставниците на украинската опозиција, како и самата Тимошенко, се уверени дека актуелните власти се обидуваат да ја заплашат целата опозицијата и неа лично.Јулија Тимошенко беше главен ривал на актуелниот украински претседател Виктор Јанукович на претседателските избори. По поразот таа тврдеше дека Јанукович ќе стори се’ за нејзина политичка ликвидација и да ја дискредитира во очите на 11-те милиони Украинци кои гласаа за неа за време на последните парламентарни избори .Во април 2010 г., претседателот на Комората на сметководители на Украина, Валентин Симоненко изјави дека претходната влада на чело со лидерот на блокот Татковина, Јулија Тимошенко во 2009 г. незаконски потрошиле милијарда гривни од резервниот фонд, како и дека личната одговорност за тоа паѓа врз Тимошенко.Актуелниот украински премиер Микола Азаров, ја проценува штетата сторена од неговата претходничка на 12 милијарди долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.