Европа
ЕУ го поддржува украинскиот мировен план, ја повикува Русија да го поддржи
Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија го поддржаа на состанокот во Луксембург мировниот план на украинскиот претседател Перо Порошенко и најавија можност за поостри санкции против Русија доколку и натаму ескалираат судирите во источните региони на земјата, и покрај тоа што има информации дека украинската армија и натаму врши артилериски напади врз градовите кои се под контрола на проруските бунтовници.
Шефовите на дипломатиите на ЕУ во своите заклучоци потсетуваат дека Унијата работи на подготовка на можни насочени мерки „така што може да бидеа преземени натамошни чекори доколку ситуацијата во источна Украина тоа го бара“. Истовремено Москва објави дека располага со „бројни средства за контрола и набљудување на ситуацијата на нејзините граници и блиските територии“, објаснувајќи дека руското министерство за одбрана поседува информации за нарушување на прекинот на огнот на териториите на Луганската и Донецката област каде проруските милиции самопрогласија независни ткн Народни републики. „Европската унија г поддржува мировниот план како голема можноста за намалување на тензиите и го пофалува решителното дејствување на претседателот Порошенко во правец намирот и стабилноста од неговата инаугурација“, истакнуваат европсктие шефови на дипломатиите.Тие, исто така, потсетуваа на намерата на Европската комисија да се вклучи во политичките разговори со Украина и Русија за спроведување на спогодбата за придружување на Украина на ЕУ, којашто ќе биде потпишана во петок за да се „разбијат непотребните стравувања на Русија дека тоа е против нејзините интереси“. Новиот украински министер за надворешни работи Павло Клинкин,, кој присуствувал на еден дел од состанокот на неговите европски колеги, изрази задоволство од нивната поддршка „Министрите на 28-те земји членки дадоа безусловна поддршка на мировниот план. Тој гест на солидарност за нас е извонредно важен“, изјави Клинкин додавајќи дека очекува и Русија да се вклучи во спроведувањето на мировниот план Европската унија ја повика во понеделникот Русија да го поддржи мировниот план и да донесе ефикасни мерки за да се прекине доаѓањето на илегални борци, оружје и опрема преку границата во Украина, како и да го искористи своето влијание врз проруските бунтовници за да се запре насилството и да се положи оружјето. ЕУ, исто така, ја повика Мосвка да се воздржи од повторното трупање сили на границата со Украина.Руската страна одлучно повеќепати ги отфрли ваквите западни тврдења за инволвираност и вооружување на проруските милиции во доминантно рускојазичниот југоисток на Украина или, пак, за трупање војска на својата територија кон украинската граница, и побара конкретни и веродостојни докази за таквото тврдење на Брисел и Вашингтон. Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг го предупреди рускиот претседател Владимир Путин дека ЕУ се подготвува да воведе натамошни санкции, доколку ситуацијата се влошува. „Путин не треба да са сомнева во тоа дека ЕУ е подготвен ада воведе санкции“, изјави Хејг.Преговори меѓу прозападните власти во Киев и лидери на проруското население кое се побуни во истокот на Украина имаше досега во повеќе наврати, но на нив никогаш не учествуваа ниеден од водачите на проруските милиции.Рускиот претседател Владимир Путин во неделата ги повика украинското претседателство и проруските бунтовници да започнат „суштински и сериозен дијалог” и пораба од Киев веднаш да ја прекине воената операција како предуслов за започнување на преговорите, како и да им ги гарантира сите граѓански права на русофоните во југоисточните регион, коишто се побунија откако новите власти во Киев по соборувањето на претседателот Виктор Јанукович именуваа нови гувернери во источните региони и го укинаа законот за јазиците со кој рускиот јазик кој во Украина за мајчин го сметаат повее од 40 отсто до вкупното население го загуби статусот на службен јазик.„Најважно е да се постигне политичко решение (…) важно е дијалогот на завојуваните страни во Украина да се заснова на мировниот план” на украинскиот претседател Петро Порошенко, истакна во неделата Путин./крај/мф/сн
Извор: AFP/Итар-Тасс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Голем руски напад врз Украина, Полска ги подигна борбените авиони
Руските сили рано утринава ја напаѓаа инфраструктурата во областа Камјанск во близина на украинскиот град Днипро, при што е повредено најмалку едно лице, изјави регионалниот гувернер, додека медиумите во Суспилна објавија дека има експлозии и во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки.
„Непријателот ја нападна критичната инфраструктура во регионот. Главна цел на непријателот е нашиот народ и виталните места за населението“, напиша на Телеграм гувернерот на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак.
Лисак не објасни за каков напад станува збор, но коментаторите на Телеграм известија за употребените проектили и експлозиите во областа. Исто така, наводно имало и прекин во снабдувањето со електрична енергија и вода.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите од областа. Украинските медиуми јавуваат дека експлозии се слушнале и во Лавов, град на крајниот запад на Украина.
Медиумската куќа Суспилна објави за руски крстосувачки ракети во украинскиот воздушен простор и експлозии во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки и градот Днипро, додавајќи дека не е познато дали проектилите погодиле некоја цел.
Руските сили извршија големи напади врз објектите на енергетската инфраструктура во последните неколку недели, вклучувајќи го и масовниот напад на 22 март, кој Киев го опиша како најголем таков напад од инвазијата на московските сили во февруари 2022 година.
Оперативната команда на полските вооружени сили соопшти дека полските и сојузничките авиони биле активирани рано утринава откако Русија извршила ракетни напади врз Украина.
„Полските и сојузничките авиони летаат во полскиот воздушен простор, што може да резултира со зголемени нивоа на бучава, особено во југоисточниот дел на земјата“, објави командата на социјалната платформа „Икс“.
Југоисточниот дел на Полска се граничи со Украина, додаде Ројтерс.
Европа
Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци
Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа. Во сообраќајката се повредени над 20 лица, извести полицијата синоќа.
Да потсетиме, ден претходно слична несреќа се случи во Германија кога автобус на „Фликсбас“ се преврте на автопатот во близина на градот Лајпциг на истокот од земјата. Во таа несреќа загинаа четири лица, а над 20 се повредени.
Автобусот излетал од патот и се превртел на страна во близина на градот Верл, 100 километри источно од Дизелдорф. Целосно е затворен делот од 20 километри од автопатот А44 од излезот Уна Ост до Верл во правец на Касел. На местото на несреќата пристигнале полицајци, пожарникари и спасувачки хеликоптер.
Полицијата првично соопшти дека 21 лице е полесно повредено, а едно е тешко. Подоцна, тие ја ревидираат бројката на 20 полесно повредени и еден тешко повреден. Портпаролот на полицијата изјави дека автобусот превезувал ученици од стручно училиште во Варбург кои се враќале од патување во Англија.
Се уште не е јасна причината за несреќата. Полицијата соопшти дека никој не е во животна опасност и дека во несреќата не учествувале други возила. Несреќата се случи само еден ден откако четири лица загинаа во автобуска несреќа во близина на Лајпциг во источна Германија.
Европа
Украина се обидува да ја убеди Индија да застане на страната на Киев, а не на Москва
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ја повика Индија да застане со Киев, велејќи дека блиските врски на Индија со Русија се засноваат на избледеното советско наследство, објави денеска Фајненшл тајмс.
Кулеба вчера пристигна во Њу Делхи со цел да ги зајакне врските со Индија, како и да ја промовира визијата на Киев за пат кон мирот во Украина.
Според Ројтерс, Индија традиционално има блиски економски и одбранбени врски со Москва и се воздржува да ја критикува Русија поради нејзината инвазија на Украина. Згора на тоа, купувањето на руска нафта од Индија е на рекордно ниво во последно време.
Кулеба рече дека Индија има многу да добие од проширувањето на трговските и технолошките врски со Украина, поставувајќи го прашањето за улогата на индиските компании во повоената обнова на Украина.
Украина сака да ја „врати трговијата“ со Индија, во форма на извоз на земјоделски производи како што е сончогледовото масло, а самата сака да купи повеќе индиски стоки. „Ние сме заинтересирани да увеземе дел од тешката машинерија што ја произведува Индија“, рече Кулеба.
Украина се надева дека во наредните месеци ќе одржи самит на светските лидери без учество на Русија, со цел да го промовира и зајакне својот план за мир, кој меѓу другото повикува на повлекување на руските трупи од нејзината територија.
Русија ја отфрли таа украинска дипломатска иницијатива.