Европа
Околу 72 отсто е одѕивот на гласачите во Франција до 17 часот
Одѕивот на гласачите во вториот круг од претседателските избори во Франција, според податоците во 17 часот изнесувал 71,96 отсто, што претставува за 1,5 процнети повеќе од истиот период во првиот круг кога одѕивот изнесуваше 70,59 отсто.
Во 12 часто одѕивот на француските гласачи изнесуваше 30,66 отсто, што беше повеќе до 28.29 отсто од изборите на 22-ри април, па се предвидува до 20 часот вкупниот одѕув на избирачите да надмине 80 отсто.
Досега наголем одѕив во 17 часот на претседателските избори во Франција е забележан во 2007 година кога актуелниот претседател Николас Саркози го доби првиот мандат кога изнесувал 75,11 отсто.
Традиционално Французите повеќе излегуваат на избиралиштата во вториот круг. Исклучок остануваат изборите во 1969 година.
Следното официјално објавување на одѕивот ќе биде во 20 частот, кога министерството за внтрешни работи ќе соопшти кој кандидат е во предност според прелиминиарните разултати. Имено тогаш завршува гласањето во големите градови.
На овие избори во цела Франција и во прекуморските територии беа повикани да гласаат 46 милиони гласачи коишто треба да го изберат следниот претседател на Петтата Република кој идните пет години ќе ја предводи земјата, светката велесила којашто поседува нуклеарно вооружување, е постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации и е една од главните членки на Европската унија.
Новиот француски претседател ќа ја преземе должноста на 17-ти мај и веднаш потоа ќе учествува на меѓународните самити на Г8, НАТО и ЕУ./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Лукашенко: Опозицијата и НАТО планираат напад врз Белорусија, ни треба нуклеарно оружје
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави денеска дека неговата земја се соочува со сериозни внатрешни и надворешни закани поради кои треба да го промени својот безбедносен став и да и дозволи на Русија да распореди тактичко нуклеарно оружје на нејзина територија.
Лукашенко, без да обезбеди докази, рече дека белоруската опозиција планира да окупира дел од западот на земјата и да побара поддршка од трупите на НАТО, тврдење што опозицијата го отфрли, нарекувајќи го апсурдно.
На истиот состанок, Иван Тертел, шеф на белоруската безбедносна служба КГБ, рече дека неговите оперативци спречиле напади врз главниот град Минск со беспилотни летала лансирани од членката на НАТО Литванија, но таа земја негира дека организирала каков било напад.
Тертел, исто така, тврди дека белоруските безбедносни сили секојдневно се обидуваат да спречат постојани обиди за шверц на оружје од Украина во Белорусија „со цел таму да извршат саботажа и терористички напади“.
Лукашенко, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, често ги истакнува опасностите од нападите на НАТО или Украина, со што ја оправдува блиската воена интеграција со Русија и постојаното одржување на одбранбениот и безбедносниот апарат во состојба на висока готовност.
Лукашенко зборуваше на состанокот на Белорускиот национален конгрес, уставно тело составено од 1.200 пратеници. На состанокот треба да се одобри ажурираниот концепт за национална безбедност и воената доктрина на Белорусија.
Државната новинска агенција Белта ја објави изјавата на Лукашенко дека „актуелната реалност бара промени во безбедносната положба на земјата“.
„Новата тема на Лукашенко е – нуклеарно одвраќање. Оние кои нè туркаат кон тоа треба да можат рационално да ги согледаат директните последици од нивните, најблаго речено, непромислени одлуки“, пишува Белта.
Руски Тасс ја пренесува изјавата на Лукашенко дека во Белорусија се распоредени „неколку десетици парчиња“ руско тактичко нуклеарно оружје во согласност со договорот што тој и Путин го објавија минатата година. Тоа е прв пат Русија да распореди нуклеарни ракети во странска земја од советската ера.
Белоруската опозиција, од кои повеќето лидери се во затвор, а останатите побегнаа во странство, ја исмеа изјавата на Лукашенко дека планираат да окупираат дел од западот на земјата.
„Мислам дека Лукашенко треба да биде коментиран од психотерапевт бидејќи тој живее во свој свет и се чини дека губи допир со реалноста“, рече Франак Виацорка, главен соработник на прогонетиот опозициски лидер Светлана Тихановскаја.
„Овој конгрес е негов очајнички обид некако да ја врати сопствената доверба, но и да му покаже на надворешниот свет дека сè уште има поддржувачи. Се разбира, најлесниот начин да ги консолидира своите поддржувачи е да создаде чувство дека има надворешни непријатели“, изјави Виацорка за Ројтерс.
Европа
Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени
Приходите од нафта и гас на Русија ќе достигнат 1,29 трилиони рубљи (14 милијарди долари) во април, што е речиси двојно повеќе од истиот месец минатата година благодарение на зголемените цени, покажуваат пресметките на Ројтерс.
Ројтерс ги заснова проценките на податоците од индустриските извори и официјалната статистика за производство, преработка и снабдување со нафта и гас на рускиот и меѓународниот пазар.
Руското Министерство за финансии на почетокот на мај ќе ги објави податоците за април. За цела 2024 година, владата буџетираше приходи од продажба на нафта и гас од 11,5 трилиони рубљи, за 30 отсто повисоки отколку во 2023 година, кога се намалија за 24 отсто поради пониските цени на нафтата и намалениот извоз на гас под притисок на санкциите.
Благодарение на закрепнувањето на приходите од продажбата на енергетски производи, рускиот буџетски дефицит се намали во првите три месеци од оваа година на 607 милијарди рубљи, што одговара на 0,3 отсто од бруто домашниот производ (БДП), наведува Ројтерс.
Западните земји воведоа бројни санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, настојувајќи да ги намалат приходите на Русија од продажбата на нафта и гас, кои сочинуваат околу една третина од федералниот буџет. Казнените мерки вклучуваат забрана за водење бизнис со руски финансиски институции.
Европа
Русија и се закани на Полска
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков се закани дека Русија ќе ги таргетира нуклеарните оружја и објектите на НАТО, доколку тие бидат распоредени во Полска. Тој рече дека заедничките нуклеарни мисии на НАТО во близина на руската граница се сметаат за закана за нејзината безбедност, пренесува руската државна агенција ТАСС.
„Да не кажам ништо за трајно распоредување, за што зборуваат жешките глави во Варшава. Затоа сите оние политичари кои разговараат за таква опција во Полска и во странство треба да разберат: соодветните капацитети неизбежно ќе бидат цел. Тие ќе бидат први на список на нашето воено планирање“, се закани тој.
Полска во понеделникот објави дека е подготвена да прифати нуклеарно оружје на своја територија доколку НАТО, чиј член е, одлучи да го зајакне своето источно крило бидејќи Русија распоредува ново оружје во Калининград и Белорусија.
„Доколку нашите сојузници одлучат да распоредат нуклеарно оружје на наша територија како дел од дистрибуцијата на нуклеарно оружје за да ја зајакнеме безбедноста на источното крило на НАТО, ние сме подготвени на тоа“, изјави Анджеј Дуда за весникот Факт.
„Војната меѓу Русија на Владимир Путин и НАТО би завршила со неизбежен пораз на Москва“, изјави денеска полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.
„Ние, Западот, не треба да се плашиме од конфликт со Путин, туку обратно“, рече Сикорски за време на говорот во Сејм, Долниот дом на полскиот парламент. Сикорски додаде дека рускиот воен и економски потенцијал „бледи во споредба со оној на Западот“, бидејќи НАТО има три пати повеќе воен персонал, три пати повеќе воздушен персонал и четири пати повеќе бродови од Русија.