Европа
Најмалку пет загинати во авионската несреќа во Украина
Најмалку пет лица загинале а 12 се повредени од вкупно 45 патници и членови на екипажот во авионот од типот „Ан-24“ на украинската авиокомпанија „Јужни авиолинии“ кој се преврти и се распадна на делови при принудното слетување на аеродромот во источниот град Донецк.
Трубопропелерскиот авион „Антонов – 24“ бил на чартер лет од црноморскиот пристанишен град Одеса за градот Донец, а повеќето патници биле навивачи кои патувале на мечот меѓу Шахтјор и Борусија Дортмунд во осминафиналето на Лигата на шампионите. Почетокот на мечот кој заврши со резултат 2:2 беше одбележан со минута молк во чест на загинатите во несреќата.
Порталот од Одеса Думская.net објави дека меѓу патниците имало многу познати бизнисмени и политичари од Одеса, како и неколку претставници на судските власти.
Украинското министерство за вонредни ситуација објави дека авионот ја промашил пистата на аеродромот во Донецк, на која според очевидци била падната густа магла во време на несреќата. Авионот се превртел, се запалил и се распаднал, пренесува РИА Новости.
Андриј Шишатски, началник на регионалната управа на Донецк изјавил дека повеќето патници се спасени, а едно лице се води како исчезнат. Изворот од аеродромот што го цитира друга руска агенција Интерфакс рекол дека исчезната е стјуардесата која била во задниот дел од воздухопловот.
Засега не е познато зошто авионот бил принуден на итно слетување, а еден од преживеаните изјавил дека во леталото избил пожар кој бил ставен под контрола.
Авионот „AN-24“ е патнички авиони со капацитет од вкупно 50 патници, кој се користи за линии со краток и среден долет, придвижуван од два турбопропелерски мотори. Создаден е во заводите „Антонов“ а првиот лет го имал на 20-ти октомври 1959 година. Во 1961 година воздухопловот ги минал фабричките и државните тестирања. Во септември 1962 година, бил изведен првиот технички лет со патници, а првиот комерцијален лет го имал на 31-ви октомври 1962 година кога почнала неговата експлоатација на линијата Киев – Керсон./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.