Европа
Тетинот на Кум Јонг-Ун ‘ретуширан' од снимките
Северна Кореја во саботата емитувала реприза на документарниот за младиот комунистички водач Ким Јонг-Ун, но од него се исчистени сцените во коишто се појавуваше неговиот тетин и политички ментор Јанг Сонг-Таек, донеоадмна една од најмоќните личности во земјата.
Државната телевизија на Демократска Народна Република (Северна) Кореја го емитуваше документарниот филмот по деветти пат, но овојпат Јанг Сонг-Таек е прикажуван во сосема поинакви позиции, лицето му било покриено или се исфрлени цели сцени, пренесува Yonhap, новинската агенција на ривалската Јужна Кореја. Во едночасовниот документарец за Ким Јонг-Ун, е снимен едночасовен документарен филм од кој Јанг е исечен или сокриен во вкупно 13 сцени.
Јужнокорејските разузнавачки служби веруваат дека Јанг Сонг-Таек кого бракот со тетката на младиот лидер Ким Јонг-Ун го направи еден од најмоќните луѓе во Северна Кореја бил разрешен од сите должности во ноември годинава. Тетинот и политички ментор севернокорјескиот челник Ким Јонг-Ун, сивата еминенција на својот внук, бил сменет а неколку негови соработници се стрелани, објавија во на почетокот од декември јужнокорејските разузнавачки служби. Доколку овие информации се покажат точни, според аналитичарите тоа ќе значи дека во Пјонгјанг се случуваат најголемите промени од 2011 година и смртта на поранешниот челник Ким Јонг-Ил, таткото на сегашниот челник.
Јанг кој е оженет со тетката на Ким Јонг-Ун, ќерката на основачот на комунистичката Северна Кореја Ким Ил-Сунг, и се сметаше за најзаслужната личност што најмладиот од третите челници од династијата Ким во последните две години ја зацврсти својата моќ. Сѐ уште не е познато кои должности му се одземени, но тој беше потпретседател на моќната Национална комисија за одбрана и член на Политбирото на владејачката Работничка партија. Според јужнокорејските разузнавачки служби, се претпоставува дека Јанг е жив и не е во животна опасност, како ниту неговата сопруга Ким Кјонг-Хуи.
Јанг беше една од поважните политички фигури во земјата секогаш присутен во многуте телевизиски извештаи и фотографии од јавните активности на Ким Јонг-Ун, но од почетокот на 2013 година забележително се намали бројот на неговите појавувања во јавноста, а од почетокот на ноември воопшто го нема во извештаите на државните медиуми.
Влијателниот 67-годишен Јанг Сонг-Таек беше сменет веќе еднаш во 2004 година за време на владеењето на таткото на сегашниот севернокорејски челник, Ким Јонг-Ил, но беше вратен на функцијата две години подоцна.
Во саботата јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на разузнавачките агенции, објавија дека човекот кој бил задолжен за финансиите на Јанг пребегнал и службите о чувале на тајна локација во Кина. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Голем руски напад врз Украина, Полска ги подигна борбените авиони
Руските сили рано утринава ја напаѓаа инфраструктурата во областа Камјанск во близина на украинскиот град Днипро, при што е повредено најмалку едно лице, изјави регионалниот гувернер, додека медиумите во Суспилна објавија дека има експлозии и во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки.
„Непријателот ја нападна критичната инфраструктура во регионот. Главна цел на непријателот е нашиот народ и виталните места за населението“, напиша на Телеграм гувернерот на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак.
Лисак не објасни за каков напад станува збор, но коментаторите на Телеграм известија за употребените проектили и експлозиите во областа. Исто така, наводно имало и прекин во снабдувањето со електрична енергија и вода.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите од областа. Украинските медиуми јавуваат дека експлозии се слушнале и во Лавов, град на крајниот запад на Украина.
Медиумската куќа Суспилна објави за руски крстосувачки ракети во украинскиот воздушен простор и експлозии во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки и градот Днипро, додавајќи дека не е познато дали проектилите погодиле некоја цел.
Руските сили извршија големи напади врз објектите на енергетската инфраструктура во последните неколку недели, вклучувајќи го и масовниот напад на 22 март, кој Киев го опиша како најголем таков напад од инвазијата на московските сили во февруари 2022 година.
Оперативната команда на полските вооружени сили соопшти дека полските и сојузничките авиони биле активирани рано утринава откако Русија извршила ракетни напади врз Украина.
„Полските и сојузничките авиони летаат во полскиот воздушен простор, што може да резултира со зголемени нивоа на бучава, особено во југоисточниот дел на земјата“, објави командата на социјалната платформа „Икс“.
Југоисточниот дел на Полска се граничи со Украина, додаде Ројтерс.
Европа
Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци
Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа. Во сообраќајката се повредени над 20 лица, извести полицијата синоќа.
Да потсетиме, ден претходно слична несреќа се случи во Германија кога автобус на „Фликсбас“ се преврте на автопатот во близина на градот Лајпциг на истокот од земјата. Во таа несреќа загинаа четири лица, а над 20 се повредени.
Автобусот излетал од патот и се превртел на страна во близина на градот Верл, 100 километри источно од Дизелдорф. Целосно е затворен делот од 20 километри од автопатот А44 од излезот Уна Ост до Верл во правец на Касел. На местото на несреќата пристигнале полицајци, пожарникари и спасувачки хеликоптер.
Полицијата првично соопшти дека 21 лице е полесно повредено, а едно е тешко. Подоцна, тие ја ревидираат бројката на 20 полесно повредени и еден тешко повреден. Портпаролот на полицијата изјави дека автобусот превезувал ученици од стручно училиште во Варбург кои се враќале од патување во Англија.
Се уште не е јасна причината за несреќата. Полицијата соопшти дека никој не е во животна опасност и дека во несреќата не учествувале други возила. Несреќата се случи само еден ден откако четири лица загинаа во автобуска несреќа во близина на Лајпциг во источна Германија.
Европа
Украина се обидува да ја убеди Индија да застане на страната на Киев, а не на Москва
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ја повика Индија да застане со Киев, велејќи дека блиските врски на Индија со Русија се засноваат на избледеното советско наследство, објави денеска Фајненшл тајмс.
Кулеба вчера пристигна во Њу Делхи со цел да ги зајакне врските со Индија, како и да ја промовира визијата на Киев за пат кон мирот во Украина.
Според Ројтерс, Индија традиционално има блиски економски и одбранбени врски со Москва и се воздржува да ја критикува Русија поради нејзината инвазија на Украина. Згора на тоа, купувањето на руска нафта од Индија е на рекордно ниво во последно време.
Кулеба рече дека Индија има многу да добие од проширувањето на трговските и технолошките врски со Украина, поставувајќи го прашањето за улогата на индиските компании во повоената обнова на Украина.
Украина сака да ја „врати трговијата“ со Индија, во форма на извоз на земјоделски производи како што е сончогледовото масло, а самата сака да купи повеќе индиски стоки. „Ние сме заинтересирани да увеземе дел од тешката машинерија што ја произведува Индија“, рече Кулеба.
Украина се надева дека во наредните месеци ќе одржи самит на светските лидери без учество на Русија, со цел да го промовира и зајакне својот план за мир, кој меѓу другото повикува на повлекување на руските трупи од нејзината територија.
Русија ја отфрли таа украинска дипломатска иницијатива.