Контакт

Европа

65 отсто од работодавците во Франција ги поддржуваат „жолтите елеци“

Објавено пред

Според анкета спроведена во Франција, откриено е дека 65 проценти од работодавците ги поддржуваат протестите на групата „Жолти елеци“, соопшти француска радиостаница.

Анкетата спроведена за Радио Европа 1 открива дека 72 процента од бизнис-сопствениците не се среќни со политиката на претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Овие резултати се спротивни на оние од мај 2017 кога тој беше избран за претседател кога 75 проценти од компаниите беа задоволни од неговиот пристап.

Дополнително, 70 проценти од работодавците велат дека протестите имаат сериозни ефекти врз економијата на компаниите.

Речиси 47 проценти од работодавците сметаат дека француската економија опаднала, а осум проценти велат дека таа е подобрена.

Приближно 28 проценти од работодавците велат дека тие се соочиле со блокади за време на демонстрациите.

Анкетата е спроведена врз 604 лица во периодот од 6 до 12 декември.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

ЕК резервираше 400 милиони дози на потенцијална вакцина од американска корпорација

Објавено пред

Европската комисија (ЕК) објави дека резервирала до 400 милиони дози на потенцијална вакцина против коронавирус, којашто ја развива американската корпорација Џонсон и Џонсон.

На крајот од првата фаза на преговорите, што заврши вчера, во принцип е постигнат договор дека ЕУ, откако ќе се потврди безбедноста на вакцината и нејзиниот ефект врз коронавирусот, може да купи 200 милиони дози во име на сите членки на ЕУ, а подоцна да добие дополнителни 200 милиони дози.

Комисијата изјави дека ќе продолжи со „интензивни разговори“ со други производители на вакцина против коронавирус.

На 31 јули, ЕК објави дека резервирала 300 милиони дози на потенцијална вакцина против коронавирус која ја развила француската компанија Санофи.

Прикажи повеќе...

Европа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Објавено пред

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест за Ковид-19, со што ќе бидат заменети најчесто користените брисеви.

Предвидено е околу 30.000 студенти и професори од Универзитетот во Лијеж да ги користат домашните тестови за самотестирање. Tие треба да носат епрувети со примерок од плунката секоја недела во универзитетската лабораторија до декември, а резултатите да ги добијат истиот ден.

Како што изјавија белгиските истражувачи, пилот програмата може да се примени и на другите универзитети, училиштата или компаниите ако се покаже успешна во брзото откривање на жариштата на инфекцијата помеѓу студентите.

Според претходно објавена студија на Белгиската агенција за лекови, тестовите на плунката во голема мера би можеле да го зголемат капацитетот на тестирање, а резултатите се добиваат побрзо отколку кај класичните тестови, но се помалку прецизни, бидејќи е поверојатно да биде откриен вирусот во носот или задниот дел на грлото, отколку во плунката.

Со назалните тестови вирусот на Ковид-19 се открива во 80 отсто од случаите, додека процентот при тесовите со плунка изнесува 60.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Претепани млади Белоруси мораа да ветат пред камера дека повторно нема да протестираат

Објавено пред

Протестите во Белорусија продолжија во средата вечерта, четврта вечер по изборите, на кои победи претседателот Александар Лукашенко, а кои демонстрантите и опозицијата ги сметаат за наместени.

Самото Министерство за внатрешни работи призна дека полицијата во градот Брест, покрај вообичаените солзавец, гумени куршуми и шок-гранати, пукала и со огнено оружје кон демонстрантите и дека еден демонстрант е застрелан.

Исто така, Министерството вчера објави дека 6.000 демонстранти се уапсени во трите ноќи на протестите. Утрово, сепак, објави дека се уапсени уште 700 демонстранти преку ноќ, со што вкупната бројка достигна речиси 7.000 – во земја со помалку од 10 милиони луѓе.

Белоруската телевизија објави и снимки на некои од уапсените демонстранти, од кои некои се крвави и со други видливи повреди. Полицајците ги прашуваат пред камера дали сè уште сакаат револуција.

Видеото, кое исто така беше објавено од аналитичарот Алекс Кокчаров на „Твитер“, покажува млади момчиња и девојки со лисици на рацете, првин свртени кон ѕидот, а потоа кон камерата.

„Во Белорусија државната телевизија ги прикажува очигледно исплашените уапсени демонстранти. Тие, веројатно, биле претепани пред јавно да ветат дека нема повторно да учествуваат во протести против Лукашенко. Ова се случува во Европа во 2020 година. Едноставно е страшно“, напиша Кокчаров под видеото.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 минути

Уапсен тетовец кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата ЕВН Македонија, на две одвоени...

Македонија34 минути

СДСМ: Продолжуваат сериозни разговори за формирање одговорна Влада

„СДСМ, како предводник на коалицијата „Можеме“, со освоени најмногу пратенички места во Собранието го доби мандатот за состав на нова...

Свет50 минути

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати казна од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена на 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет1 час

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет4 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет12 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет13 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа14 часа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија15 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија16 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ17 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија17 часа

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Економија19 часа

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија20 часа

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија20 часа

(Видео) Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ,...

Македонија21 час

Заев: Подготвен сум да бидам премиер во наредните четири години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е уверен дека ќе успее да состави влада во следните 20 дена, а веќе денеска...

Македонија21 час

(Видео) Лидерите од албанскиот блок не дојдоа, Ахмети остана сам на средбата во хотелот „Парк”

На закажаната средба на партиите од албанскиот блок на иницијатива на ДУИ се појави само Али Ахмети. Како што рече...

Македонија21 час

Браќа од Битола обвинети за ширење детска порнографија, собирале интимни снимки од малолетнички

Битолското Јавно обвинителство поднесе обвинение против двајца браќа од Битола на возраст од 51 и 52 години, од кои едниот...

Топ22 часа

Обвинение за скопјанец што организирал фудбалски турнир на кој имало 100 луѓе во публика

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 17 лица...

Досие