Европа
Aмерика со предупредување: „Северен тек 2“ нема да напредува доколку Русија ја нападне Украина

Гасоводот Северен тек 2 меѓу Русија и Германија нема да напредува доколку Русија ја нападне Украина, објави американскиот Стејт департмент.
Како што се зголемуваат тензиите околу руската војска на источната граница на нејзиниот сосед, портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс изјави дека администрацијата на Бајден соработува со Германија за да се осигура дека може да го издржи губењето на гасоводот, пишува британски „Гардијан“.
„Сакам да бидам многу јасен, ако Русија ја нападне Украина на еден или друг начин, Северен тек 2 нема да напредува“, изјави Прајс за Националното јавно радио.
Емили Хабер, германската амбасадорка во Вашингтон, на Твитер истакна дека „САД и Германија кажаа заедно минатото лето дека ако Русија ја користи енергијата како оружје или ако има уште едно нарушување на суверенитетот на Украина, Русија ќе мора да плати висока цена“, ја пренесуваат нејзината изјава светските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Поранешниот германски канцелар Шредер ќе ги загуби привилегиите поради врските со Русија

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер дополнително ќе биде казнет затоа што не сакал директно да ја осуди руската инвазија на Украина.
Германската владејачка коалиција, предводена од Социјалдемократите (СПД), партија на која и припаѓа и Шредер и која некогаш ја водеше, ќе му ги одземе посебните права што ги ужива како поранешен канцелар. Тој ќе остане без својата канцеларија и персонал, според владиниот предлог што треба да го одобри Комисијата за буџет во четврток, пренесуваат медиумите во регионот.
Шредер, како што пишува во извештаите, ќе може да ја одржува пензијата и личната заштита. Конзервативната опозиција побарала тој да остане без пензија.
Опозицијата тврди дека го нарушува угледот на Германија во светот бидејќи не се оградил од рускиот претседател Владимир Путин и затоа што ги задржал своите должности во различни руски енергетски компании. Шредер беше канцелар од 1998 до 2005 година, последниот социјалдемократ кој ја предводеше Германија пред сегашниот канцелар Олаф Шолц.
Потоа, меѓу другите, работеше за „Северен тек“, „Гаспром“ и „Роснефт“. Раководството на СПД побара од него да ја напушти партијата. Некои дури бараа да биде избркан.
Европа
Кремљ: Тврдењата на Киев се лажни – Украинските екстремисти од Азовстал се предаваат, нема збор за евакуација

Обидите на Киев да го окарактеризира предавањето на украинските екстремисти од „Азовстал“ како евакуација се неточни, тие се предаваат, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Недвосмислено е дека војниците кои се засолниле на територијата на „Азовстал“ се предаваат и го полагаат оружјето. Што се однесува до нивната идентификација, прашањето треба да се испрати до Министерството за одбрана на Русија – изјави тој.
Песков ги нарече недозволиви обвинувањата на Киев дека руски војници вршеле злосторства за време на специјална воена операција и рече дека многу од случаите за кои зборува Киев се лажни и монтирани.
– Многу од случаите за кои зборува Киев се очигледно лажни. Најмногу сме шокирани од монтираните случаи кои нашите експерти покажаа дека се лажни, па така се однесуваме кон нив – нагласи портпаролот на Кремљ, пренесе Новости.
Европа
Песков: Нема напредок во преговорите меѓу Украина и Русија, Киев не е заинтересиран за нивно продолжување

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека нема напредок во мировните преговори на Русија со Украина и дека Киев не е заинтересиран за нивно продолжување.
Преговорите не напредуваат, рече Песков, пренесува „Ројтерс“.
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Андреј Руденко изјави во вторникот дека Москва и Киев не водат разговори „во ниту една форма“ и дека Украина „практично се повлече од преговарачкиот процес“.