Европа
Абот: На местото на падот МН17 пронајдени уште мртви тела каде пристигнаа 70 експерти
Групата од 70 меѓународни експерти во петокот започнаа пребарување на местото на падот на авионот на „Malaysia Airlines“ на 17-ти јули во источна Украина, а според австралискиот премиер Тони Абот пронашле нови тела од вкупно 298-те жртви.
Групата од 70 меѓународни експерти во петокот започнаа пребарување на местото на падот на авионот на „Malaysia Airlines“ на 17-ти јули во источна Украина, а според австралискиот премиер Тони Абот пронашле нови тела од вкупно 298-те жртви.
„Екипата дојде таму (….) пронајде уште посмртни останки“, изјави австралискиот премиер Тон Абот во Сиднеј, пренесува DPA. Додаде дека поголемиот дел од тимот планира да го посетат местото на трагедија во рок од 24 часа.
Повеќето од патниците на летот МН17 од Амстердма за Куала Лумпур, беа Холанѓани, Австралијци и Малезијци. Повеќето мртви тела се пронајдени, но австралиската министерка за надворешни работи Џули Бишоп, изјави во четвртокот дека уште 80 посмртни останки би можеле да се наоѓаат уште на местото на несреќа.
„Холандските и австралиските експерти пристигнаа на местото на падот во петокот претпладне. Сите 70 ќе спроведат потрага на разни локации на местото на несреќата“, се вели во соопштението на холандското министерство за безбедност и правосудство, пренесе AFP.
Повеќе од 220 ковчези со останки веќе се испратени во Холандија каде започна нивната идентификација која може да потрае со месеци. Претходно пред десетина дена претставниците на бунтовниците во самопрогласената Народна Република Донецк, на чијашто територија се урна малезискиот авион, објавија дека со малезиската влада потпишаа договор за предавање на 282 ковчези со тела и 16 фрагменти од тела, но холандската страна тврди дека од Харков до каде со воени транспортери беа пренесувани останките до Ајндховен пристигнале 227 ковчези.
„По вечерашното (четврток) извидување на, денеска (петок) успеавме експертите да ги испратиме на таа локација. Доколку во потрагата пронајдат човечки останки, веднаш ќе ги извлечат“, се вели во писменото соопштение на Питер-Јаап Аалберсберг, шеф на мисијата за подигнување и испраќање на телата на загинатите во нивните татковини од Украина./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.