Европа
Анкетите навестуваат голема неизвесност на британскиот референдум
Голема неизвесност треба да се очекува до крајот на референдумот на 23-ти јуни за останувањето или излегувањето на Велика Британија во Европската унија, покажуваат двете засебни истражувања на јавното мнение од кои едната во тесна предност ги става поборниците за останувањето, а другата значајна предност им дава на застапниците на ткн Brexit, односно британското излегување од ЕУ.
Британската поддршка за останувањето во Европската унија изнесува 44 отсто, додека 42 проценти од испитаниците сакаат излегување на Велика Британија од 28-члениот блок, покажува анкетата направена за весникот The Sunday Observer.
Меѓутоа, во испитувањето на јавното мнение кое го извршило агенцијата ORB за интернет дневниот весник The Independent, од 2.000 испитаници 55 отсто се изјасниле за излегувањето, наспроти 45 отсто кои го поддржуваат останувањето во ЕУ, но 13 отсто од избирачите уште се немаат одлучено.
Ова укажува на значително зголемување на поддршката за Brexit-от, ако се има предвид дека во анкетата правена по истата методологија од истата агенција ORB во април, 51 отсто од испитаниците се изјаснија за напуштање на ЕУ, додека 49 проценти се залагаа за останувањето.
Резултатите од анкетите се објавени истовремено кога еден од предводниците на кампањата за Brexit, челникот на евроскептичната партија UK Independence Party (UKIP), Најџел Фараж, изјави дека доколку Британците гласаат за напуштање на ЕУ, и други земји би го следеле тој пример што ќе доведе до „колапс“ на целиот европски проект.
„На 23-ти јуни Велика Британија ќе ја напушти Унијата и ќе ја промени Европа“, изјави челникот на UKIP во интервјуто за италијанскиот дневен весник Corriere della Sera објавено во саботата.
„Ќе следи домино ефектот. По нас, другите северни земји ќе ја напуштат (ЕУ), една по друга. Данска прва, а потоа Холандија, Шведска, Австрија. Овој референдум е најважниот настан од 1957 година.. ЕУ е пред колапс“, смета Фараж.
Тој, исто така, смета дека јужните земји како Италија, Грција и Шпанија, ќе имаат полза од таквото сценарио, бидејќи заедничката валута еврото „ги уништува“ нивните економии, а тоа, исто така, тоа е и „оружјето на германската хегемонија“.
Челникот на UKIP вели дека ќе има причини да слави дури и гласачите да се одлучат против излегувањето. Според Фараж, и во тој случај британскиот премиер Дејвид Камерон „сепак ќе мора да поднесе оставка“, имајќи ги предвид големите поделби по прашањето на ЕУ во неговата Конзервативна партија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Возачот на „Фликсбас“ осомничен за убиство од небрежност во Германија
Против возачот на автобусот кој вчера се преврте на германскиот автопат при што загинаа четири лица, а многумина беа повредени, се води истрага за убиство и нанесување телесни повреди од небрежност, соопштија од јавното обвинителство.
Портпаролот на канцеларијата не можеше да каже дали мажот (62) веќе бил сослушан.
Двокатниот европски превозник „Фликсбас“ со 54 лица, меѓу кои и двајца возачи, излетал од автопатот А9 во близина на Лајпциг во средата наутро и се превртел. Автобускиот оператор претходно пријавил дека во автобусот имало 55 лица. Полицијата соопшти дека загинале четири лица, а шест лица се тешко повредени, а 29 лица се полесно повредени.
Не се соопштени детали за здравствената состојба на повредените.
Инспекторите во моментов се фокусирани на утврдување на причините за несреќата. Сите повредени кои се наоѓаат во болница ќе бидат испрашани, доколку тоа им го дозволи здравствената состојба, изјави портпаролката на полицискиот штаб во Лајпциг како одговор на истрагата.
Ќе се нареди и извештај за анализа на автобуската несреќа, соопштија од јавното обвинителство. Првите резултати се очекуваат само за неколку недели.
Идентитетот на четворицата загинати се уште не беше утврден до четвртокот напладне.
„Се трудиме и се надеваме дека ќе можеме да дадеме информации за тоа во попладневните часови“, изјави портпаролката на полицијата.
Автобусот патувал од Берлин до Цирих.
Европа
(Аудио) Кралот Чарлс ја испрати првата јавна порака по дијагнозата на здравјето на Кејт
Порака од кралот Чарлс беше емитувана денеска по повод годишната служба на Величетврток.
Аудиообраќањето на Чарлс беше емитувано на собранието во катедралата „Ворчестер“ во негово отсуство поради тековното лекување на ракот на монархот.
Тој им порача на сите „да ја подадат раката на пријателството“.
„Актот на богослужба, овде во катедралата ‘Ворчестер’, ме потсетува на заклетвата што ја дадов на почетокот на моето крунисување да го следам примерот на Христос ‘да не ми служат, туку да служам’“, рече кралот.
„Тоа е она што секогаш се трудев да го правам и правам со целото мое срце“, додаде тој.
Кралот дојде на тронот пред 18 месеци, а на почетокот на годината му беше дијагностициран рак поради што беше подложен на хемотерапија.
Европа
Заменик-началникот на генералштабот: Британија може да се бори со Русија само 2 месеца
Британските вооружени сили мора да управуваат со оперативниот ризик, што произлегува од недостигот на ресурси што би сакале да ги имаат во идните војни, пишува „Телеграф“.
Информациите се појавија откако Грант Шапс, министерот за одбрана, им рече на пратениците дека лобирал кај премиерот, Риши Сунак, и министерот за економија и финансии, Џереми Хант, повеќе пари во буџетот да се потрошат за одбраната, но не успеал да обезбеди зголемување.
За време на сослушувањето пред пратениците во Комитетот за одбрана на долниот дом, висок офицер на кралските маринци рече: „Ние бевме многу јасни дека сумата што моментно ја трошиме за муниција не ги покрива трошоците во сите области и заканите со кои се соочуваме“.
„Бевме јасни дека треба да потрошиме повеќе пари над буџетот, на она што го нарекуваме интегрирани противвоздушни ракети“.
На прашањето на Марк Франсоа, поранешен министер за вооружени сили, дали е вистина оти Обединетото Кралство „не може да се бори со Владимир Путин повеќе од неколку месеци во целосна воена ситуација поради недостиог на резерви муниција и опрема, Шапс додаде дека секој таков конфликт ќе се води заедно со сојузниците од НАТО, кои заедно би можеле да ја совладаат Русија, наместо само Велика Британија.
„За луѓето што гледаат и слушаат дека Велика Британија не е подготвена за војна исклучиво со Русија, важно е да разберат дека сме во НАТО и постои меѓусојузнички одбранбен договор Член 5, така што никогаш не би биле во таква ситуација“.
Во еден извештај пратениците рекоа дека на вооружените сили им требаат повеќе средства за „учество во операции додека развиваат воена готовност“ или ќе мора да го намалат „оперативниот товар“ на војската.
Поранешните воени началници на комитетот му кажаа дека вооружените сили се ослабени од 2010 година и дека „во конфликт со еднаков противник тие ќе бидат исцрпени по првите неколку месеци од распоредувањето“.
Шапс исто така им рече на пратениците дека лекциите научени од војната во Украина ја покажале важноста на војната со беспилотни летала бидејќи е смртоносна и евтина.
„Ова во Украина е веројатно првата вистинска војна со беспилотни летала и мислам дека никогаш повторно нема да видиме војна која не вклучува тешка употреба на беспилотни летала“, рече тој.
Минатиот месец Обединетото Кралство објави дека, заедно со Латвија, ќе ја предводи новата коалиција за испорака на илјадници беспилотни летала „камикаѕе“ во Украина во услови на растечки недостиг на муниција на фронтот.
„Дроновите ги нарушуваат нормалните факти за војната. Обично секоја генерација станува поскапа за да има смртоносен ефект, но всушност беспилотните летала, кои понекогаш чинат неколку илјади фунти, може да бидат крајно смртоносни“, рече Шапс.
Сепак, тој предупреди дека „основното војување и муницијата“ остануваат важни во секој иден конфликт.