Европа
Авион на ‘Germanwings’ евакуиран по закана со бомба
Авион на германската нискотарифна воздухопловна компанија „Germanwings“, во меѓународниот аеродром Келн-Бон е евакуиран во неделата непосредно пред полетувањето кон Милано, откако полицијата примила закана за подметната бомба, потврди во неделата навечер компанијата.
Авионот од типот „Airbus 320A“ го напуштил местото за очекување на редот за полетување и тргнал кон пистата кога германската федерална полиција им наредила на пилотите да ја прекинат постапката за полетување.
Сите 126 патници и шесте членови на екипажот на летот за Милано безбедно биле евакуирани од авионот во делот од аеродромската зграда наменета за такви ситуации.
Патниците на летот требало да полетаат на летото 4U826 за Милано во 18.20 часот, а полиција добила електронска порака со закана за поставена бомба во 18.05 часот. Полицијата итно реагирала и ги преземала соодветнитe мерки, пренесе агенцијата DPA.
Полициските сили со специјално дресирани кучиња за откривање експлозиви, го пребарале авионот, патниците и нивниот личен багаж, како и товарот во авионот. „Ништо не пронајдоа во авионот“, истакнале портпаролите на компанијата.
„Авионот беше подготвен за полетување, но контролорите веднаш контактираа со капетанот, и тој ги прекина подготовките за полетување, насочувајќи го авионот на позицијата предвидена за такви ситуации“, изјавија од „Germanwings“.
Овој инцидент на германската компанија следеше три седмици откако авионот на „Germanwings“ на летот од Барселона за Диселдорф се урна во француските Алпи, при што загинаа сите 150 патници и членови на екипажот. Според досегашните сознанија на истрагата, копилотот Андреас Лубитц најверојатно намерно го урнал авионот./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Фон Дер Лајен: На Европа не и се заканува војна, но треба да бидеме подготвени и да произведуваме оружје
Европа во моментов не се соочува со непосредна закана од војна, но мора да биде подготвена за тоа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Заканата од војна можеби не е непосредна, но не е невозможна. Треба да бидеме подготвени и тоа започнува со итната потреба за зајакнување и трансформирање на вооружените сили на членките на блокот“, рече Фон дер Лајен на Европскиот самит за одбрана и безбедност.
Според неа, ЕУ мора да произведе оружје од новата генерација за да „победи на бојното поле“.
„Европа треба да се стреми да развие и произведе нова генерација на оперативни способности за да победи во битките и да обезбеди доволно материјално количество и технолошка супериорност што можеби ќе и треба во иднина, а тоа значи турбо полнење на нашиот одбранбен индустриски капацитет во следните пет години,“ изјави Фон дер Лајен.
Европа
(Видео) Русите го гранатираа Чернихив, загинаа најмалку 13 лица, Зеленски бара дополнителна помош
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери на потребната решителност и поддршка по рускиот ракетен напад врз северниот град Чернихив утринава, при што загинаа најмалку 13 лица.
„Ова немаше да дојде до ова доколку Украина добиеше доволно опрема за противвоздушна одбрана и ако беше доволна решеноста на светот да се спротивстави на рускиот тероризам“, објави Зеленски на „Телеграм“.
Министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко, во изјава за „Телеграм“ рече дека во нападот загинале најмалку 13 лица, а повеќе од 60 се повредени и дека спасувачките операции се во тек.
Во нападот беа оштетени и четири катни згради, болница, образовна институција и десетици автомобили, додаде тој.
Русија изврши напад со три крстосувачки ракети „Искандер“, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус во коментар за украинскиот јавен сервис „Суспилна“. Тој рече дека три проектили паднале во близина на центарот на градот и дека е оштетена цивилната инфраструктура.
Локалното население е повикано да дарува крв, изјави градоначалникот Олександр Ломако. Чернихив се наоѓа на речиси 150 километри северно од Киев, недалеку од границата со Русија. Кога руските сили ја нападнаа Украина во февруари 2022 година, Чернихив беше нападнат, но не беше преземен.
Европа
Во Германија уапсени 10 лица: за пари набавувале дозволи за престој на странци
Во Германија денеска во полициска акција се уапсени десет лица осомничени дека за големи суми пари набавувале дозволи за престој во Германија за странци од Кина и арапските земји.
„Главни осомничени се двајца адвокати од Келн, а истрагата се води против 38 можни члена на шверцерската банда и против 147 други лица, кои се занимавале со систематски шверц на луѓе“, се вели во соопштението на полициската управа на град веднаш до Келн, кои ја водат операцијата.
Осомничените се обвинети дека донеле странски државјани во Германија и ги набавиле потребните документи за големи суми пари, од 30 до 350 илјади евра. Осомничените основале фиктивни фирми и лажни адреси со кои се регистрирале лица од странство.
Весникот „Билд“ пишува дека меѓу осомничените има и вработени во неколку канцеларии за странци во регионот Рајнланд-Пфалц, кои издавале дозволи за престој за пари. Еден од нив е меѓу уапсените. Како што е соопштено, за време на рацијата била запленета и голема количина пари. Минатата година, со 300.000 бегалци и баратели на азил, Германија забележа значителен пораст на илегалниот влез во земјата.