Европа
Бајден во Киев ѝ пружи поддршка на Украина, војската го бомбардира Донeцк
Американскиот потпретседател Џозеф Бајден во понеделникот уште еднаш ја изрази поддршката на САД за Украина во нејзиниот судир со Русија, во услови кога сирискиот конфликт и џихадистичката закана украинската криза ја ставија во втор план, а истовремено властите во побунетите рускојазични источни региони објавија дека силите лојални на Киев во понеделникот неколку часови ги гранатирале периферните области на градот Донец.
Веднаш по доаѓањето во украинската престолнина Киев во неделата доцна вечерта, американскиот потпретседател Џозеф Бајден „ја истакна определеноста на САД за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, каде од соборувањето на претседателот Виктор Јанукович во февруари 2014 година од страна на прозападните сили, рускојазичниете региони се побунија поради укинувањето на низа права, а црноморскиот полуостров Крим на референдум ја врати автономија и се приклучи на Руската Федерација, што Западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија.
Во соопштението на Белата куќа се наведува дека Бајден тие изјави ги дал на седната со киевскиот градоначалник Виталиј Кличко, кој го пречекал на аеродромот.
Двајцата ја истакнале „важноста од продолжување на санкциите против Русија сé додека целосно не се примени мировниот договор“ од Минск, односно како што бара Киев да ја презема целосната контрола над Украина, од која во моментов 20 отсто, или 400 километри ги контролираат бунтовниците, пренесува AFP.
Меѓутоа додека во понеделникот траеше разговорот меѓу Бајден и украинскиот претседател Пeтро Порошенко, ткн министерство за одбрана на самопрогласената ткн Народна република Донецк, објавија дека украинските сили неколку часа со минофрлачки оган го бомбардираат регионот на „Волво центарот“ во предградие на Донецк.
„Продолжува гранатирањето на рабовите на Донецк. Под оган од минофрлачи со калибар 82 ммна украинските специјалци се реонот на аеродромот и селото Страхимихајловка“, изјавил за агенцијата РИА извор во силите на донецките бунтовници.
Засега нема информации за штети или настрадани, се додава во извештајот на агенцијата.
Една од задачите на Бајден чии разговори подоцна започнаа со украинскиот претседател Порошенко, а потоа продолжија со премиерот Арсениј Јаценјук, е во Киев да ги смири прозападните челници кои на власт дојдоа по безредијата.
Така на средбата со Кличко, американскиот потпретседател не ја пропушти можноста да ги повика украинските власти „да ја продолжат борбата против корупцијата“, која е втората главна причина и тема на неговата посета на Киев.
„Заморот (на Западот) поради украинската корупција го достигна критичното ниво“, напиша пред посетата на Бајден пратеникот Сергој Лехченко, близок на Порошенко.
Според зборовите на неименуван американски функционер за AFP, Киев мора да го реформира државното обвинителство за да ја поттикне борбата против корупцијата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.