Европа
Белорусите гласаат, Лукашенко оди на петти мандат
Белорусите во недела излегуваат на избирачките места на петтите претседателски избори по стекнувањето на независноста од некогашниот Советски сојуз, на кои Александр Лукашенко најверојатно ќе го освои петтиот мандат.
Можноста да гласаат имаат околу седум милиони избирачи, а околу третина од гласачите веќе го сторија тоа дописно. Во изминатите 21 година од самостојноста на Белорусија, земјата имаше само еден претседател. Александр Лукашенко, која на ниедни досегашни избори не доби помалку од 75 отсто од гласовите и речиси е сигурно дека повторно ќе биде победник.
На денешните избори Лукашенко има тројца противкандидати, но двајца се сметат само како техники кои всушност го поддржуваат, челникот на Либеррално-демократската партија Сергеј Гајдукович и водачот на Белоруската патриотска партија Николај Улахович. Западот ја смета за единствена вистинска конкурентка активистката на движењето Зборувај ја вистината Татјана Короткевич, но која ја нема поддршката од целата опозиција, и која би можела да освои до 20 отсто од гласовите.
Западните медиуми се заинтересирани за отсуството на плановите за постизборни демонстрации како оние кои во 2010 година ги прикажуваа за масовни, а всушност на нив и не учествуваат многу луѓе. Потсетуваат дека на тие протести кои беа насилни беа уапсени седум од девет кандидати, од кои еден беше ослободен дури годинава со силни меѓународни притисоци. Тие беа обвинети по различни основи, од поттикнување на насилни протести до обид за државен удар.
Професорот на политички науки на универзитетот во Мунск, поборник на Лукашенко, Сергеј Кризман, вели дека тоа е нормално. „И некој во Британија себе да си се прогласи за вистинска владата и да напаѓа јавни згради, и тој би завршил во затвор“, вели за Reuters.
Дури и некои од најжестоките критичари на Лукашенко признаваат дека тој е популарен, иако не како што сугерираат бројките. „Невработеноста е ниска, здравствената грижа е бесплатна, државата е функционална“, вели директорот на белорускиот Институт за стратешки студии Алексеј Пикулик.,
Пикулик еден период и самиот беше во затвори и во егзил, но смета дека имајќи ја предвид ситуацијата во Украина, повеќето Белоруси сакат мирен живот, без страв од судири. „Главната платформа на Лукашенко е тоа што со него земјата е стабилна и независна“, велик Пикулик./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.