Европа
Bild: Германија годинава може да прими 1,5 милиони бегалци
Иако уште на почетокот од летото официјално се споменуваше бројката од 400.000 лица, Германија до крајот на 2015 би можела да се соочи со повеќе од 1,5 милиони бегалци, пишува во понеделникот весникот Bild повикувајќи се на извори во германската влада.
„Во последниот квартал од оваа година се очекува пристигнувањето на 920.000 бегалци во Германија. Досега се очекуваше дека во претстојниот зимски период бројот на бегалците ќе падне, но на основа на прогноза од теренот до крајот на годинава се очекува константен силен прилив од бегалци“, пишува Bild цитирајќи ги своите извори во германската влада.
Во документот кој потекнува од неименуван сектор во владата, исто така, се изразува стравувањето дека би можело да дојде до „колапс на системот за снабдување“ на бегалците“. Веќе сега недостасуваат санитарни и капацитети за сместување.
Според последната процена на германските власти, во земјата годинава би требало да пристигна вкупно 800.000 бегалци, а до почетокот на летото се оперираше со бројката од 400.000 лица. Бројката од 1,5 милиони бегалци првпат ја спомена во разговорот за дневниот весник Welt am Sonntag премиерот на сојузната покраина Мекеленбург-Ворпомерен, Лоренц Кафиер.
Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер одбил да даде конкретни процени, појаснувајќи дека засега не е возможни да се зборува за сигурни бројки, бидејќи голем дел од бегалците избегнуваат да бидат регистрирани или, и покрај доделеното место за престој, заминуваат во некој друг дел од Германија.
Изминатиот викенд на истокот од Германија, делот од земјата во кој веќе традиционално владее поголема нетрпеливост кон странците, илјадници граѓани се собраа изминатиот викенд на протестите против доселениците. Во местото Себниц, на германско-чешката граница, и во неделата доцна попладнето се собраа околу 2.500 луѓе кои со овој чин сакаа да подигнат „жива граница“ за да го спречат доаѓањето на новите бегалци. Во градот Шемниц околу 1.000 демонстранти се собраа на „маршот на молкот“ протестирајќи против планираното сместување на бегалци во една населба во која за време на ИСточна Германија биле сместени пионери.
Во меѓувреме претставниците на двете најголеми цркви во Германија, протестантската и Католичката, застанаа во одбрана на политиките на конзервативната канцеларка Ангела Меркел којашто, поради нејзиното отворено благонаклоно однесување кон бегалците, е на жесток удар на критичарите, како од нејзината владејачка Христијанско-демократска унија (CDU/CSU), така и од коалицискиот партнер Социјалдемократската партија на Германија (SPD) .
„За дваесетина години ќе се присетуваме на овие денови“, изјави претседателот на Германската бискупска конференција Рајнхард Маркс во разговорот за весникот Sueddeutsche Zeitung изразувајќи пофалби за хуманитарниот став на Германија и на нејзините граѓани. Маркс, исто како и претседателот на Советот на протестантската црква Хајнрих Бедфорд-Штром, ја брани истрајноста на Меркел да се задржи правото на политички азил во формата во којашто е во моментов дефинирано во германскиот устав.
Истовремено од редовите на германската опозиција пристигнуваат жестоки критики на наводниот планиран договор меѓу Европската унија и Турција за решавање на бегалската криза. Партијата Зелени изрази стравување дека планираниот договор меѓу Брисел и Анкара за задржување и враќање на бегалците во Турција, би можел да оди на штета на човековите права во оваа земја.
„Ердоган ќе прими поголем дел од бегалците, а за возврат ние ќе ги затвориме двете очи кога ќе се кршат човековите права, во прв ред на Курдите, во Турција“, изјави претседателот на пратеничката група на Зелените во Бундестагот, Антон Хофрејтер, во разговорот за јавниот сервис ARD./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.
Европа
Столтенберг: НАТО работи на испорака на повеќе „Патриоти“ во Украина
НАТО работи на испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг, додавајќи дека доцнењето во обезбедувањето таква помош им наштетува на напорите на Киев да се спротивстави на руските напади.
„Собравме податоци за различните системи за противвоздушна одбрана што ги имаме во НАТО и се фокусиравме на системите „Патриот“. И ние работиме со сојузниците за да се осигураме дека тие прераспоредуваат некои од нивните системи во Украина“, изјави тој за новинарите на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Италија.
„Работиме на можноста за испорака на повеќе батерии „Патриот“ за Украина. Водиме дијалог со некои земји“, рече Столтенберг, нарекувајќи го снабдувањето на „Патриотите“ „критично“, бидејќи тоа е најнапредниот одбранбен систем на кој алијансата може да смета.
Столтенберг рече дека други одбранбени системи, вклучително и ракетниот систем земја-воздух НАСАМС, може да и бидат доставени на Украина. Тој додаде дека состанокот на Советот НАТО-Украина ќе се одржи утре и дека се очекува виртуелно да учествува украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Охрабрен сум од посветеноста и одлучноста на сојузниците во НАТО да застанат во одбрана на Украина“, им рече тој на новинарите, додавајќи дека има охрабрувачки знаци дека американскиот Конгрес наскоро би можел да го отклучи пакетот помош од 60,84 милијарди долари за Украина.
Европа
(Видео) Катастрофални поплави во Русија, куќи под вода, илјадници евакуирани
Поради последиците од големите поплави, во Русија се поплавени околу 18.000 домови, додека реката Тобол во областа во близина на границата со Казахстан се заканува да се искачи на рекордно ниво. Државната новинска агенција Тасс објави дека од вчера се поплавени уште 1.700 куќи. Илјадници луѓе се евакуирани во последните неколку дена.
Massive flood after the water level in the Ural River risen in Orenburg, Russia 🇷🇺 (13.04.2024)
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/SXxuuoAmI1
— Disaster News (@Top_Disaster) April 13, 2024
Регионот Оренбург јужно од планината Урал и регионот Курган во Сибир беа најтешко погодени од катастрофални поплави во близина на јужната граница со Казахстан. Во главниот град на регионот, Курган, реката Тобол порасна за метар и половина за само 24 часа. Курган се подготвува за рекорден водостој и за големи поплави, изјави министерот за вонредни состојби Александар Куренков, кој рече дека нивото на водата се зголемува и во блиската област Тјумен во Сибир.
1/10🌊🇷🇺 #RussiaIsCollapsing
While the Russians fight in #Ukraine 🇺🇦, #Russia is sinking
📍#Kurgan the risk of another dam failure is high
As in #Orenburg & #Orsk, residents leave their homes, leaving dogs chained to deter looters. They won’t survive it. #floods #Rosja #Russie pic.twitter.com/JMURpr5Rbv
— 𝐀𝐧𝐧𝐚 𝐊𝐎𝐌𝐒𝐀 | 🇪🇺🇫🇷🇵🇱🇺🇦 (@tweetforAnna) April 18, 2024
Во моментов има приближно 94 села каде живеат 34.000 луѓе во опасност од поплави. Во четвртокот властите евакуираа 1.500 луѓе од Тјумен и ги транспортираа на безбедно. По обилните дождови и невообичаено снежната зима, Русија оваа година се бори со исклучително тешки сезонски поплави.
Жителите на погодените подрачја ги обвинуваат властите дека доцна преземаат мерки за нивна заштита и дека не реагираат доволно брзо. Слични поплави ги погодија областите преку границата во соседен Казахстан, каде властите претходно почнаа да ги евакуираат луѓето. Досега од таа област се евакуирани повеќе од 100.000 жители.