Европа
Брисел: Тревогата подигната поради подготовка на атентати како париските
Белгискиот премиер Шарл Мишел изјави во саботата дека подигнувањето на нивото на тревога во белгиската престолнина Брисел на највисоко вино е поврзано со можноста од атентати на повеќе локации, според истиот урнек како оние извршени на 13-ти ноември во француската престолнина Париз во кои беа убиени 130 луѓе, додека вицепремиерот и министер за внатрешни работи Јохан Јамбон, изјави дека во бриселската општина Моленбек треба да биде пребарана секоја куќа за точно да се утврди кој живее таму.
Премиерот Шарл Мишел во саботата по седбата на националниот Совет за безбедност изјави дека можноста од терористички напади е подигнато на највисокото 4-то ниво поради „информациите за опасност од атентати како и оние во Париз, а на повеќе места во кои би биле вклучени повеќе лица“.
Потенцијалните цели би можеле да бидат трговски центри, средства на јавниот транспорт и настани на коишто се собираат повеќе луѓе, додаде премиерот Мишел.
Белгиските власти во саботата тревогата во областа на Брисел ја подигнаа на највисокото ниво, додека за остатокот од земјата на сила е 3-то ниво на приправност од можни напади. Во Брисел не сообраќа подземната железница, а сите масовни манифестации се откажани. Истовремено владата апелираше да не се крева паника, да не се шират слухови и граѓаните да се потпираат исклучиво на службените канали за информации.
Заменикот на Мишел и министер за внатрешни работи, Јохан Јамбон, се осврна на ситуацијата во бриселскиот кварт Моленбек, во кој живеат муслимански доселеници од северна Африка, и од каде потекнува најбараниот европски џихадист 28-годишниот Абделхамид Абаауд, кој се смета за организатор на париските атентати.
Во Моленбек белгиската полиција вршеше рација во потрага по осомничен за поврзаност со нападите во Париз, а министерот изјави дека треба да биде пребаран и секој дом за да може властите да имаат точен увид кој живее таму.
„Недозволиво е да не знаеме кои ни живее на територијата на општината. Има станови во коишто две лица се службено пријавени, а во нив живеат десетина. Мислам дека општинската администрација мора да тропне на секоја врата и да праша кој навистина живее таму“, изјави Јамбон за белгискиот весник на фламански јазик Nieuwsblad.
Белгиската влада го именуваше министерот за координатор во врска сос ситуацијата во Моленбек, една од 19-те бриселски општини.
Јанбон истакнува дека од 130 белгиски државјани кои како странски џихадисти се борат во Сирија, 85 сега живеат во Моленбек./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.
Европа
Орбан: Западот е на чекор од испраќање војници во Украина, Брисел си игра со оган
Западот е на чекор од испраќање војници во Украина и во Брисел владее провоено мнозинство, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Во Европа расположението е војна, а во политиката доминира логиката на војната. Гледам подготовки за војна од сите страни. Генералниот секретар на НАТО сака да формира украинска мисија на НАТО. Европските лидери веќе влегоа во војна, разговарам со нив, ги слушам, тие ја гледаат оваа војна како нивна и така ја водат“, истакна Орбан.
Унгарскиот лидер укажа на постепено зголемување на помошта на Европа за Украина, почнувајќи од испраќање воена опрема и воведување санкции кон Русија до испраќање оружје и пари, објави HirTV.
Пари, пари, оружје, но состојбата не се подобрува, всушност се влошува. На чекор сме од Западот да испрати војници во Украина. Ова е вител на војна што може да ја одвлече Европа во длабочините. Брисел си игра со оган – предупреди Орбан и нагласи дека Будимпешта нема да биде вовлечена во руско-украинскиот конфликт.