Европа
Британија врз исламските борци ќе применува средновековен закон
Велика Британија би можела да прибегне кон применување на средновековен закон од 1351 година, и ќе ги обвинува своите државјани за предавство доколку и’ се придружат на Исламската држава во Ирак и во Сирија, изјави британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд.
Велика Британија би можела да прибегне кон применување на средновековен закон од 1351 година, и ќе ги обвинува своите државјани за предавство доколку и’ се придружат на Исламската држава во Ирак и во Сирија, изјави британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд.
Британскиот премиер Дејвид Камерон предупреди дека Исламската држава, којашто зазема значителни делови од Ирак и Сирија, претставува и голема закана за Велика Британија, а полицијата и разузнавачките агенции тврдат дека во моментов има зголемување на потенцијално смртоносни заговори против британски цели.
Безбедносни извори сметаат дека околу 500 Британци, повеќето по потекло муслимански доселеници, се борат на страната на џихадистите од Исламската држава во Ирак и во Сирија, иако вистинската бројка би можела да биде и поголема, а безбедносните служби ги загрижува и можноста кога тие ќе се вратат во земјата да изведуваат терористички напади на британска територија.
Министерот Хамонд рече дека секој британски државјанин кои изразил верност на Исламската држава, може да потпадне под дејството на Законот за предавство од 1351 година, усвоен во текот на владеењето на кралот Едвард Трети. „Видовме изјави на луѓе кои се обврзаа на верноста на ткн Исламска држава. Тоа го поставува прашањето околу нивната верноста на оваа земја и околу тоа дали е сторено кривичното дел предавство“, изјави во парламентот британскиот министер./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Катастрофални поплави во Русија, куќи под вода, илјадници евакуирани
Поради последиците од големите поплави, во Русија се поплавени околу 18.000 домови, додека реката Тобол во областа во близина на границата со Казахстан се заканува да се искачи на рекордно ниво. Државната новинска агенција Тасс објави дека од вчера се поплавени уште 1.700 куќи. Илјадници луѓе се евакуирани во последните неколку дена.
Massive flood after the water level in the Ural River risen in Orenburg, Russia 🇷🇺 (13.04.2024)
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/SXxuuoAmI1
— Disaster News (@Top_Disaster) April 13, 2024
Регионот Оренбург јужно од планината Урал и регионот Курган во Сибир беа најтешко погодени од катастрофални поплави во близина на јужната граница со Казахстан. Во главниот град на регионот, Курган, реката Тобол порасна за метар и половина за само 24 часа. Курган се подготвува за рекорден водостој и за големи поплави, изјави министерот за вонредни состојби Александар Куренков, кој рече дека нивото на водата се зголемува и во блиската област Тјумен во Сибир.
1/10🌊🇷🇺 #RussiaIsCollapsing
While the Russians fight in #Ukraine 🇺🇦, #Russia is sinking
📍#Kurgan the risk of another dam failure is high
As in #Orenburg & #Orsk, residents leave their homes, leaving dogs chained to deter looters. They won’t survive it. #floods #Rosja #Russie pic.twitter.com/JMURpr5Rbv
— 𝐀𝐧𝐧𝐚 𝐊𝐎𝐌𝐒𝐀 | 🇪🇺🇫🇷🇵🇱🇺🇦 (@tweetforAnna) April 18, 2024
Во моментов има приближно 94 села каде живеат 34.000 луѓе во опасност од поплави. Во четвртокот властите евакуираа 1.500 луѓе од Тјумен и ги транспортираа на безбедно. По обилните дождови и невообичаено снежната зима, Русија оваа година се бори со исклучително тешки сезонски поплави.
Жителите на погодените подрачја ги обвинуваат властите дека доцна преземаат мерки за нивна заштита и дека не реагираат доволно брзо. Слични поплави ги погодија областите преку границата во соседен Казахстан, каде властите претходно почнаа да ги евакуираат луѓето. Досега од таа област се евакуирани повеќе од 100.000 жители.
Европа
Захарова: Киев продолжува отворено да најавува терористички напади врз Русија
Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, на брифинг со новинарите рече дека режимот во Киев продолжува отворено да најавува планирани терористички напади врз Русија.
„Режимот во Киев продолжува отворено да најавува планирани терористички напади на руска територија, чии детали, нема да верувате, се детално дискутирани во западниот печат“, рече Захарова, според државната руска новинска агенција ТАСС.
Захарова наведе дека во украинските напади се повредени руски цивили и додаде дека украинските специјални служби не се откажуваат од „масакрите на нивните поранешни сонародници“.
„Просветените, како што се нарекуваат себеси, престолнините на колективниот Запад сè уште не го оквалификуваат ова како терористички напад. Како можат да го оквалификуваат како таков? Во спротивно, ќе мора да донесат резолуции и закони со кои се осудува нивното спонзорство на тероризмот“, изјави Захарова на новинарите, пишува ТАСС.
Европа
Германија уапси две лица: соработувале со Русите, планирале да ја саботираат армијата
Две лица, кои, освен германско, имаат и руско државјанство, се уапсени во Германија поради наводно планирање саботирање воени објекти, вклучително и американски, со цел да ја поткопаат воената поддршка за Украина, соопшти денеска германското Обвинителство. Властите извршија претрес во домовите и работните места на двајцата осомничени, кои се обвинети дека работеле за странска тајна служба, се наведува во соопштението на Обвинителството.
Еден од осомничените, идентификуван како Дитер С., разговарал за можни заговори со лице поврзано со руската тајна служба од октомври 2023 година, се посочува во соопштението.
Дитер С. подготвувал бомбашки напади и палење во воени објекти, вклучително и оние со кои управуваат американските сили, се додава во соопштението.
Според магазинот „Шпигел“, еден од објектите е воената база „Графенвоер“, во јужната сојузна држава Баварија, каде што украинските војници се обучуваат да управуваат со американските тенкови „Абрамс“. Руската амбасада во Берлин не одговори веднаш на барањето за коментар.
„Намерата на акциите беше да се поткопа воената поддршка што Германија и ја дава на Украина против руската воена агресија“, се вели во соопштението на германските обвинители.