Европа
Британска влада нуди поголема автономија за Шкотска ако ја отфрли независноста
Владата на Велика Британија се обврза дека на Шкотска ќе и’ пружи поголема автономија, доколку на претстојниот референдум за независност на 18-ти септември се одлучи да остане во 307 години долгата унија со Англија во Обединетото Кралство, откако во неделата беше објавено дека првпат приврзаниците на независноста минале во водство во анкетите, откако претходно постојано растеше овој процент во испитувањата на јавното мнение.
Британскиот министер за финансии Џорџ Осборн изјави во неделата дека следните денови ќе бидат претставени плановите за давање поголема автономија на Шкотска во сферата на даноците, трошоците и социјалната грижа, доколку Шкотите на историскиот референдум од 18-ти септември донесат одлука против независноста. „За неколку дена ќе видите акционен план за давање повеќе овластувања на Шккотска (…) Тогаш Шкотска ќе го има најдоброто од двата света. Тие ќе ги избегнат ризиците и ќе имаат поголема контрола над својата судбина, а јас сметам дека тоа многу Шкоти го посакуваат“, изјави Осборн за BBC.Појасни дека овој план бил договорот од сите три главни политички сили во британскиот парламент.Изјавата на британскиот министер дојде вреднаш откако беа објавени резултатите од последното истражување на јавното мнение спроведено од институтот YouGov за весникот The Sunday Times, коешто првпат во ваквите анкети покажа водство на приврзаниците на Шкотска. На помалку од две седмици од одржувањето на референдумот, поборниците на шкотската самостојност се побројни, и тоа за 51 отсто од испитаниците, наспроти 49 проценти кои не го поддржуваат излегувањето од Обединетото Кралство.Доколку поголемиот дел од шкотските гласачи на 18-ти септември се изјаснат со „да“ на прашањето „Дали сметате дека Шкотска треба да биде независна земја?“, тогаш на 24-ти март 2016 година Шкотска ќе излезе од составот на Обединетото Кралство. Лондон повикува дека истапувањето на Шкотска од сојузот нема да оди во нејзина полза ниту на неа, ниту на другата страна./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.