Контакт

Европа

Британскиот премиер денес го пречекува Зеленски: „Да ги заостриме санкциите против Русија“

Објавено пред

Британскиот премиер Енди Бернам денеска ќе го пречека Володимир Зеленски во Даунинг стрит за да ја истакне својата „непоколеблива“ поддршка за украинскиот претседател – кого Доналд Трамп неодамна го критикуваше – соопшти британската влада.

За време на средбата, лидерот на Лабуристите ќе вети дека ќе го „забрза испорачувањето на клучните системи за противвоздушна одбрана“ во наредните недели и ќе ги повика „меѓународните партнери да ги заострат санкциите против Русија“, се наведува во соопштението од Даунинг стрит.

Украина и нејзините европски сојузници беа затекнати од одлуката на американскиот претседател минатата недела да ги укине санкциите за рускиот дизел, овозможувајќи ѝ на САД да купуваат големи количества од ова гориво. Целта е да се намалат цените на бензинските пумпи и да се придобијат американските гласачи пред клучните меѓумандатни избори во САД, забележува агенцијата Франс прес.

Доналд Трамп, исто така, остро го критикуваше Володимир Зеленски; пред четири дена, тој дури и „сугерираше“ Украинците да изберат „нов лидер кој би можел да постигне мировен договор“ со Москва.

Во овие околности, „нашата непоколеблива поддршка за Украина е од витално значење за гарантирање на безбедноста на Британија и за обезбедување дека оние на фронтот ја имаат потребната опрема“, рече Бернам во соопштението.

Британија е еден од најважните поддржувачи на Украина.
Доналд Трамп предизвика дополнителна збунетост кога еднострано објави „енергетско примирје“ меѓу Украина и Русија. Сепак, Володимир Зеленски ја обвини Москва дека завчера ги нападнала украинските енергетски капацитети и оцени дека станува сè поочигледно оти Русија го отфрлила тој предлог.

Иако ја критикуваа одлуката на Трамп за укинување на санкциите за рускиот дизел, западните сојузници на Украина го поддржаа повикот на американскиот претседател за прекин на нападите врз енергетскиот сектор. Британскиот и германскиот министер за надворешни работи вчера, од Варшава, ги повикаа своите сојузници да воведат дополнителни санкции против Русија.

Британија е еден од најважните поддржувачи на Украина уште од почетокот на руската инвазија во 2022 година.

Најново

Спорт43 минути

Кејн: Роналдо, јас, Златната топка… Сценарио од најлудите соништа

Капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, подготвен е да стане рекордер по број на настапи за националниот тим, а пред...

Свет52 минути

Маск вложува 60 милиони евра во германска технологија за центри за вештачка интелигенција во вселената

Компанијата „Спејс Икс“ на Илон Маск потпиша договор вреден 60 милиони евра со германската компанија „Сингулус технолоџис“ за набавка на...

Спорт53 минути

„Инфантино треба да биде испратен во психијатриска установа“

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го нападна својот наследник Џани Инфантино, нарекувајќи го диктатор, велејќи дека можеби ќе му...

Спорт1 час

САД го сакаат Гвардиола за селектор

Фудбалската асоцијација на Соединетите Американски Држави го гледа Пеп Гвардиола како идеален наследник на Маурисио Покетино, ја пренесе „Атлетик“, обајавата...

Свет1 час

Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна победа

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа на Соединетите Американски Држави во војната против Иран, која трае повеќе од осум...

Забава2 часа

Не ги оставајте прозорците подотворени во зима: како правилно да го проветрувате домот

Оставањето на прозорецот подотворен на кип изгледа како практичен начин постојано да влегува свеж воздух во просторијата. Меѓутоа, во зима...

Свет2 часа

Осудена на 100 удари со камшик бидејќи родила дете надвор од брак: „Не го заслужувам ова“

Кениската државјанка Естер Ванџа Мутони, која работела како домашна помошничка во Саудиска Арабија, е осудена на 100 удари со камшик...

Забава3 часа

На четири хороскопски знаци им претстои подобар период – проблемите остануваат во минатото

Според астролошките прогнози, четири хороскопски знаци влегуваат во поповолен период во кој би можеле да ги надминат проблемите, да ја...

Регион3 часа

Пленковиќ ја предупреди Црна Гора: Нема затворање на преговорите со ЕУ без договор за границата

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ порача дека Црна Гора нема да може да ги затвори пристапните преговори со Европската Унија доколку...