Контакт

Европа

Бројот лица кои криумчарат луѓе во Германија се зголемил за 40 отсто

Објавено пред

Бројот лица уапсени за тајно внесување мигранти на територијата на Германија оваа година се зголемил за 40 отсто, пишува весникот Bild am Sonntag, повикувајќи се на податоци од тамошното министерство за внатрешни работи.

Според податоците на министерството, до 8-ми септември годинава бројот на криумчарите на луѓе кои се уапсени во Германија изнесува 2.336 лица, што претставува пораст од 40 отсто споредено со целата мината 2014 година.

Се наведува дека поголемиот дел од ваквите деликвенти доаѓаат од балканскиот регион, а според бројноста министерството ги издвојува криумчарите од Унгарија – 256, Романија – 207, Сирија – 184, Бугарија – 116 и Србија – 113.

Германија во моментов згрижува најголем број од бегалците и мигрантите кои од северноафриканските и блискоисточни земји спасот го бараат во Европа, а владата во Берлин очекува дека годинава бројот на мигрантите ќе надмине 800.000. Во четвртокот, вицеканцеларот Зигмар Габриел изјави дека од јануари годинава во земјата влегле околу 450.000 бегалци./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

ЕУ најави реципрочни мерки за царините од САД

Објавено пред

Европска комисија денеска најави дека планира да воведе реципрочни мерки како одговор на царините на САД, што се воведени поради субвенционирање на Ербас.

„Жалиме поради одлуката на САД да воведат царини. Таквиот чекор не ни остава поинаква можност освен да воведеме сопствени царини во случај на Боинг, каде САД ги кршат правилата на Светската трговска организација“, изјави еврокомесарката за трговија Сесилија Малмстром.

Таа предупреди дека царините не се во долгорочен интерес на никого.

„Бидејќи е утврдено кршење на правилата на СТО од двете страни, предлогот на ЕУ е „за јасно дефинирани постоечки субвенции за авиоиндустријата и идната поддршка за тој важен сектор и понатаму е на маса“, посочи Малмстром.

Вашингтон претходно соопшти дека стапија во сила царините за европските артикли во вредност од 7,5 милијарди американски долари. САД најавија воведување на царини на 2 октомври откако СТО пресуди дека ЕУ нелегално ја субвенционирала компанијата Ербас.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Десетици илјади демонстранти на улиците во Барселона, студентите се судрија со полицијата

Објавено пред

Десетици илјади поддржувачи на независноста на Каталонија протестираат во центарот на Барселона против пресудите на нивните водачи, барајќи отцепување од Шпанија. Главниот собир, на којшто има најголем број демонстранти, поминува мирно со бројни знамиња што ја симболизираат независноста и транспаренти за „слобода на политичките затвореници“.

Во друг дел од градот, илјадници студенти и ученици кои стапија во тридневен штрајк, се обидуваат да стигнат до зградата на шпанската национална полиција, чувана од полицијата за интервенции.

Во судир меѓу студентите и полицијата три лица се повредени, од кои двајца малолетници и еден полицаец. Студентите со маскирани лица фрлаат со камења и шишиња, по што се повлекуваат кога ќе започне полициската интервенција.

„Антифашистичка Барселона“ и „Улиците секогаш ќе бидат наши“, викаат тие. Тие фрлија димна кутија и повеќе петарди, по што запалија контејнери, поставувајќи барикади.

Генерален штрајк започна денес во Каталонија, автономна покраина со население од 7,5 милиони, на повик на синдикатите за поддршка на независноста.

Илјадници демонстранти дојдоа во Барселона од другите градови, а владата на Каталонците и партиите за независност повикаа на мирни протести.

Ова е петти ден на масовни протести откако Врховниот суд во Мадрид во понеделник осуди деветмина каталонски службеници на 9 до 13 години затвор за организирање референдум за независност во 2017 година.

Прикажи повеќе...

Европа

Кристин Лагард именувана за прв човек на Европската централна банка

Објавено пред

Лидерите на Европска Унија го одобрија именувањето на Кристин Лагард за претседателка на Европска централна банка (ЕЦБ). Лагард, која е поранешна извршна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), доаѓа на местото Марио Драги, кој беше претседател на ЕЦБ од 2011 година.

Европскиот совет веќе објави официјална препорака за Лагард, а исто така ја одобри и Европска централна банка, која ја одредува монетарната политика за 19 земји членки на евро зоната, кои го користат еврото како валута. Лагард ќе ја преземе должноста на 1 ноември и ќе има осумгодишен мандат.

Лагард поднесе оставка на функцијата извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) две недели откако беше предложена за нова директорка на Европската централна банка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Хелсиншки бара казна за училиштето во Гостивар каде деца со војнички поздрав ја поддржаа офанзивата во Сирија

Хелсиншкиот комитет остро го осудува злоупотребувањето на учениците од гостиварското основно училиште Мустафа Кемал Ататурк за политички цели. На 17.10.2019...

Европа11 час

(Видео) Десетици илјади демонстранти на улиците во Барселона, студентите се судрија со полицијата

Десетици илјади поддржувачи на независноста на Каталонија протестираат во центарот на Барселона против пресудите на нивните водачи, барајќи отцепување од...

Македонија11 час

Ципрас: Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот, отколку во Европа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас го осуди фактот дека лидерите на земјите-членки на ЕУ не успеаја да се постигнат согласност...

Култура12 часа

Министерството за култура го осуди вандализмот, бара да се заштити Аквадуктот

Министерството за култура енергично го осудува вандалскиот чин на оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што...

Македонија12 часа

(Видео) Интервју со Села: 18 години не одговарал ниеден функционер од ДУИ

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „Макфакс“ рече дека не може да се оочекува ЕУ да...

Македонија13 часа

Влада: Во тек се консултации, Заев носи одлуки во интерес на граѓаните и државата

Во тек се интензивни консултации после заклучоците на Европскиот совет, премиерот Зоран Заев носи одлуки водејќи се исклучиво од интересите...

Македонија14 часа

Лидерската средба ќе се одржи в недела во вилата на Водно

На иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, в недела – 20 октомври во кабинетот на претседателот во „Вилата Водно“, со почеток...

Европа14 часа

Макрон: Земјите од соседството на ЕУ не е нужно да бидат нејзини членки

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во првото обраќање во јавноста откако стави вето за пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија...

Македонија15 часа

Туск: Верувам дека ова е кратка криза, а не крај на проширувањето на ЕУ

По завршувањето на самитот на ЕУ во Брисел, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и претседателот на Европскиот совет, Доналд...

Македонија16 часа

Конте: Одлуката на ЕУ за Северна Македонија и Албанија е историска грешка

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, изјави дека одлуката на Европската Унија да не го отвори пристапниот процес за Северна Македонија и...

Македонија16 часа

(Видео) Пендаровски свика лидерска: Не е време за разочарување, туку за обединување

По одлуката на Советот на Европската Унија да не даде датум за почеток на преговорите за членство на нашата држава...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија16 часа

Хан: Одговорноста за овој неуспех не е на Северна Македонија, туку на ЕУ

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, вели дека одговорноста за одлуката да не им се додели датум за преговори на Северна...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски: Предвремени парламентарни избори за да се надмине кризата

Одлуката за недобивање датум е пораз, но не пораз на народот, туку на политиките на Заев и оваа власт, навлезена...

Македонија17 часа

Димитров: ЕУ јасно да каже дали е отворена за европска иднина на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, преку својот налог на „Tвитер“ побара од Европската Унија да биде директна со земјите...

Европа19 часа

Пучдемон им се предаде на белгиските власти

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, им се предаде денеска на белгиските правосудни органи кога Шпанија издаде нов налог за...

Топ20 часа

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа што се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на...

Свет21 час

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на многубројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет21 час

Eксплозии и пукање во Сирија еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел-Ајн во североисточна Сирија на само еден ден по договорот...

Европа22 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет1 ден

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Досие