Европа
Бројот на жртвите во земјотресот во Италија се искачи на 38
Најмалку 38 луѓе загинале во силниот земјотрес кој во средата во раните утрински часови ја погоди Италија, изјави портпаролката на италијанската цивилна заштита.
Земјотресот ги погоди градовите и селата во планинската област на Италија, што ја отежнува операцијата на спасување, портпаролката Имаколата Постиљоне.
Во разговорот со новинарите Постиљоне рекле дека 27 лица загинале меѓу градовите Акумоли и Аматриче во областа Лацио. Во текот на самата прес-конференцијата таа го соопштила новиот биланс за 38 жртви, без да открие дополнителни информации.
Потресот го погоди централниот дел од Апенинскиот полуостров околу 3,30 часот, со магнитуда 6, а по него во 4,34 часот следел вториот удар магнитуда 5,4 и по него следеле повеќе од сто тресења на почвата од кои 55 биле посилни од магнитудата од 3 пренесува весникот Reppublica.
Епицентарот бил на 10 километри југоисточно од Норчија, град во регионот Умбрија, околу 150 километри североисточно од Рим, објавија сеизмолозите. Покрај во италијанската престолнина, земјотресот бил почувствуван и во Фиорентина и во Болоња. Уривања се регистрирани во три италијански региона, Лацио, Умбрија и Марка.
Италијанскиот претседател Серџо Матарела ги повика сонародниците да покажат солидарност со оние кои ги погоди земјотресот, нарекувајќи го „момент на болка и повик на заедничка одговорност“. Им се заблагодари на локалните власти и единиците на нивната самопожртвуваност во текот на операциите за спасување, вклучително и полицијата, пожарникарите и војската, како и волонтерите.
Европската унија, како и одделно Франција, искажа подготвеноста да ѝ се помогне на Италија во справувањето со последиците од земјотресот, изјави комесарот на Европската комисија за хуманитарна помош и управување со криза, Христос Стилианидес. Координационите центар за одговор на вонредни ситуации на ЕК го следи развојот на ситуацијата,м и е во контакт со италијанските власти околу потребната помош, додаде комесарот.
Италија засега побарала сателитски карти за да ја процени штетата во погодената област, појаснил Стилианидес, додавајќи дека тоа веќе било сторено.
„Сега е потребно да се ангажираат сите сили за да се спасат животи, да се погрижиме за повредените, и на раселените да им се овозможат најдобрите услови“, заклучи Ситилианидес и нагласи дека наскоро ќе биде потребно да се обноват уништените центри за да можат да продолжат активностите./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.