Контакт

Европа

Бунтовниците ги предадоа црните кутии

Објавено пред

Лидерот на проруските бунтовници, Александар Бородај, рано во вторникот, им ги предал на малезиските експерти црните кутии од соборениот патнички авион.

Во таа прилика двете страни во седиштето на самопрогласената Народна Република Донецк, во регионот Донецк, потпишале документ, кој Бородај го нарекол „протокол со кој се финализира оваа процедура“, пренесува Reuteurs.

 

Претставникот на Малезискиот совет за национална безбедност, полковникот Мохамед Сакри, пред новинарите истакнал дека сите црни кутии се „во добра состојба“.

 

Како што пренесува AFP, проруските бунтовници најавиле прекин на огнот во радиус од 10 километри од местото на падот на леталото, со цел на меѓународните истражувачи да им се овозможи безбеден пристап.

 

Малезискиот авион во кој патуваа 298 лица, меѓу кои и 80 деца, падна во четвртокот на подрачјето на областа Донецк, каде се водат жестоки борби помеѓу проруските бунтовници и украинската војска. Двете страни се обвинуваат меѓусебно за соборувањето на авионот кој летал од Амстердам за Куала Лумпур.

 

Во понеделникот се огласи и Москва, која до сега ги негираше сите обвинувања од Киев за својата вмешаност во овој случај.

 

Војската на Русија соопштила дека украински ловец СУ – 25 летал во близина на МХ17 непосредно пред падот на леталото на „Malаysia airlines“./крај/мф/ап

 

Европа

Дуда би го сменил полскиот Устав за да забрани геј двојките да посвојуваат деца

Објавено пред

Една недела пред вториот круг на претседателските избори во Полска, претседателот во заминување Анджеј Дуда рече дека ќе се обиде да го промени Уставот за да им забрани на истополовите парови да посвојуваат деца.

Предлог-законот ќе пристигне на разгледување во парламентот во понеделник, најави Дуда.

Неговиот либерален ривал во вториот круг на изборите, градоначалникот на Варшава, Рафал Трзасковски, исто така рече дека е против посвојувањето деца од истополови двојки, јави новинската агенција ПАП.

Пратеникот и ЛГБТ активист, Криштоф Смишек, го критикуваше Дуда дека предложил нешто што нема да добие потребно мнозинство во парламентот.

„Тоа е обид да се мобилизира страв со цел да се соберат гласови“, рече Смишек.

Според последните анкети, Дуда има мала предност пред Трзасковски и се предвидува дека ќе победи со 50,9 проценти од гласовите.

Прикажи повеќе...

Европа

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Објавено пред

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се препознаат регионалните жаришта.

Тој изјави дека заради тоа, потребно е да се инвестира во брзи тестови.

„Ќе мора да продолжиме да се носиме со коронавирусот сè додека не се најде лек или вакцина. Тековната состојба може да се спореди со хармоника, која постојано е во движење. Секогаш ќе има чекори напред и назад. Така е и во другите земји со кои разменуваме информации, како на пример Израел и Австралија. Мора да бидеме побрзи во тестирањето и ќе инвестираме 390 милиони евра во брзи тестови“, објасни Курц во интервју за виенскиот весник „Остерајх“.

Тој нагласи дека кога има инфекција, заболените треба што поскоро да се изолираат за да се прекине синџирот на пренесување, што е направено, на пример, во покраината Горна Австрија, каде што училиштата беа затворени поради жариште.

Канцеларот посочи дека граѓаните никогаш не смеат да заборават дека вирусот не исчезнал и оти пандемијата продолжува.

„Иако времето е убаво и учебната година заврши, мора да останеме внимателни. Потрошувачката, храната, шопингот се важни за нашата економија, но неопходно е да се почитуваат потребните правила во овие активности, особено одржувањето на физичко растојание“, рече Курц.

Прикажи повеќе...

Европа

Стапија на сила контроверзните измени на рускиот Устав

Објавено пред

Промените во рускиот устав, вклучително и амандманот што ќе му овозможи на претседателот Владимир Путин да управува со земјата до 2036 година, стапија на сила денеска, откако беа потпишани лично од Путин.

Гласачите со големо мнозинство ги поддржаа уставните измени на гласањето кое заврши во средата. Скоро 78 проценти од гласачите кои учествуваа на референдумот ги поддржаа промените.

Официјален Кремљ резултатот го нарече триумф, додека критичарите го сметаат референдумот за нелегален и нелегитимен. Независните набљувачки мисии оценија дека гласањето во најголем дел било обележано со неправилности.

Организацијата за европска безбедност и соработка не беше набљудувач на референдумот, како што инаку е практика на изборите во Русија.

Европската унија побара од Русија да ги испита тврдењата за нерегуларности во гласањето, вклучително и обвинувања за повеќекратно гласање и принуда.

Покрај тоа што измените во Уставот му овозможуваат на Путин уште два мандата, до 2036 година, доколку тој се кандидира и победи на изборите, со нив исто така сите поранешни руски претседатели добиваат имунитет од судско гонење.

Исто така, според новиот Устав, бракот ќе се дефинира како заедница на маж и жена, рускиот јазик исто така станува уставна категорија, а во текстот се споменува и вербата на Русите во Бога, но земјата и натаму ќе остане секуларна држава.

Забрането е и руска територија да се отстапува на други земји, одредба која аналитичарите ја поврзуваат со анексијата на Крим.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура15 минути

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија17 минути

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјава

Бројот на заразени од коронавирус во земјава надмина 7.000 лица, откако вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментов активни се...

Регион15 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион16 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава17 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет18 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт19 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија19 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ20 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија22 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија22 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ23 часа

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа24 часа

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет1 ден

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет2 дена

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија2 дена

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа2 дена

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија2 дена

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион2 дена

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија2 дена

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Досие