Европа
Челникот на Крим ја поддржа шкотската независност
Неодамна поставениот челник на црноморскиот полуостров Крим, во четвртокот го поддржа барањето за независност на Шкотска и го обвини Западот за двојни стандарди кои ги применува против Русија.
Западот наметна санкции против Русија, откако руското етничко мнозинство на црноморскиот полуостров Крим, откако по безредијата во февруари во украинската престолнина Киев беше соборена дотогашната власт преку референдум ја врати автономијата што ја имал откако како дел од поранешната советска руска република во времето на комунистичката власт бил пренесен во украинската советска република и која беше укината по осамостојувањето на Украина во 1990-те и се реши да се присоедини кон Руската Федерација. Западот тоа го смета за руска анексија на украинска територија, и за незаконски акт, а потоа ги засили откако источните украински региони Донецк и Луганск каде што рускојазичната заедница сочинува над 75 отсто од вкупното население ги заземаа објектите на регионалните и владините области по урнекот на бунтот на прозападните сили со кои беше соборен претседателот Виктор Јанукович, а силите лојални на Киев во април започнаа воена операција во источниот дел од земјата да ја вратат контролата на регионите кои во почетокот бараа федерализација на Украина а сега им е понуден специјален статус во рамките на земјата.„Ако го изберат (Шкотите) патот на независноста, тоа е апсолутно во ед. Крим ги разбира и морално ги подржува“, изјави новиот челник на Крим, Сергеј Аксјонов за руската државна телевизија.„Многу ме интересира што западните политичари е сторат доколку територијата која беше дел од Обединетото Кралство одлучи да продолжи посебно. На Крим тоа не му го дозволија, дали ќе им го дозволат на Шкотите?“, запраша Аксјонов.Бунтовничките власти во источните рускојзични региони на Украина во мај организираа референдум на кој мнозинството од тамошното население се изјасни за формирање на самопрогласените Народни Републики во Донецк и Луганс, што западот го нарече „фарса“.Околу дваесетина лица со шкотски знамиња и со звуците на шкотските гајди во четвртокот во Донецк искажаа поддршка за независноста на Шкотска токму пред хотелот во кој отседнуваат странските новинари.„Ја поддржуваме шкотската нација, се надевам дека по референдумот тие нема да завршат како ние. Донецк секој ден е бомбардиран по неколку пати“, изјави за Reuters 33-одишниот Николај./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германија уапси две лица: соработувале со Русите, планирале да ја саботираат армијата
Две лица, кои, освен германско, имаат и руско државјанство, се уапсени во Германија поради наводно планирање саботирање воени објекти, вклучително и американски, со цел да ја поткопаат воената поддршка за Украина, соопшти денеска германското Обвинителство. Властите извршија претрес во домовите и работните места на двајцата осомничени, кои се обвинети дека работеле за странска тајна служба, се наведува во соопштението на Обвинителството.
Еден од осомничените, идентификуван како Дитер С., разговарал за можни заговори со лице поврзано со руската тајна служба од октомври 2023 година, се посочува во соопштението.
Дитер С. подготвувал бомбашки напади и палење во воени објекти, вклучително и оние со кои управуваат американските сили, се додава во соопштението.
Според магазинот „Шпигел“, еден од објектите е воената база „Графенвоер“, во јужната сојузна држава Баварија, каде што украинските војници се обучуваат да управуваат со американските тенкови „Абрамс“. Руската амбасада во Берлин не одговори веднаш на барањето за коментар.
„Намерата на акциите беше да се поткопа воената поддршка што Германија и ја дава на Украина против руската воена агресија“, се вели во соопштението на германските обвинители.
Европа
Фон Дер Лајен: На Европа не и се заканува војна, но треба да бидеме подготвени и да произведуваме оружје
Европа во моментов не се соочува со непосредна закана од војна, но мора да биде подготвена за тоа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Заканата од војна можеби не е непосредна, но не е невозможна. Треба да бидеме подготвени и тоа започнува со итната потреба за зајакнување и трансформирање на вооружените сили на членките на блокот“, рече Фон дер Лајен на Европскиот самит за одбрана и безбедност.
Според неа, ЕУ мора да произведе оружје од новата генерација за да „победи на бојното поле“.
„Европа треба да се стреми да развие и произведе нова генерација на оперативни способности за да победи во битките и да обезбеди доволно материјално количество и технолошка супериорност што можеби ќе и треба во иднина, а тоа значи турбо полнење на нашиот одбранбен индустриски капацитет во следните пет години,“ изјави Фон дер Лајен.
Европа
(Видео) Русите го гранатираа Чернихив, загинаа најмалку 13 лица, Зеленски бара дополнителна помош
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери на потребната решителност и поддршка по рускиот ракетен напад врз северниот град Чернихив утринава, при што загинаа најмалку 13 лица.
„Ова немаше да дојде до ова доколку Украина добиеше доволно опрема за противвоздушна одбрана и ако беше доволна решеноста на светот да се спротивстави на рускиот тероризам“, објави Зеленски на „Телеграм“.
Министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко, во изјава за „Телеграм“ рече дека во нападот загинале најмалку 13 лица, а повеќе од 60 се повредени и дека спасувачките операции се во тек.
Во нападот беа оштетени и четири катни згради, болница, образовна институција и десетици автомобили, додаде тој.
Русија изврши напад со три крстосувачки ракети „Искандер“, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус во коментар за украинскиот јавен сервис „Суспилна“. Тој рече дека три проектили паднале во близина на центарот на градот и дека е оштетена цивилната инфраструктура.
Локалното население е повикано да дарува крв, изјави градоначалникот Олександр Ломако. Чернихив се наоѓа на речиси 150 километри северно од Киев, недалеку од границата со Русија. Кога руските сили ја нападнаа Украина во февруари 2022 година, Чернихив беше нападнат, но не беше преземен.