Европа
Цената на нафтата под 59 долари
Цената на барел нафта падна во вторникот на светските берзи под ниво од 59 долари бидејќи на обилната понуда се надоврза загриженоста за побарувачката со оглед на забавување на активностите во кинеското производство, а дополнителен товар беше и падот на валутите во државите во развој.
На лондонската берза цената набарелот падна за 2,12 долари за барел, во однос на претходното затворање и изнесува 58,94 долари, а накратко се спушти и на 58,50 долари најниско ниво од мај 2009 година. На американската берза со барелот се тргуваше по 1,73 долари пониска цена, од 54,18 долари.
Цената на лондонската берза е речсиси преполовена од јуни поради прекумерната понуда и забавуавње на побарувачката, како и поради пресврт во стратегијата.
Организацијата на држави-извознички на нафта (OPEC) сега наместо цените го брани пазарниот удел.
Загриженоста за побарувачката дополнително во вторникот беше потенцирана од податокот за падот на активностите во кинеската индустрија во декември, прв пат за седум месеци, што ја зголемува загриженоста за нафтената побарувачка. Кина е втор потрошувач на нафта на светот, по САД.
„Надолниот тренд останува недопрен“, заклучи Робин Бибер од лондонски PVM Oil Associates и додава „Не се препорачува долго да остане така“.
OPEC на состанокот кон крајот на ноември го задржи производниот плафон од 30 милиони барели дневно и водечките членки не покажуват знаци на промена на политиката и покрај продолжениот остар пад на цените, а не се склони ниту да свикаат вонреден ссотанок.
И рускиот министер за енергетика во вторникот изјави дека неговата држава нема да го намали производството. Пред состанокот на OPEC во ноември во Москва сигнализираше дека би можела да го намали производството доколку таква согласност биде постигната на ниво на OPEC. Русија не е членка на нафтениот картел.
Дополнителен притисок на цената на нафтата во вторникот генерираше падот на валутите на економиите во развој, главен придвижувач на глобалната побарувачката за нафта, напоменуваат аналитичарите.
Одвоено OPEC- на својата интернет страница објави дека цената на барел кошничка негова нафта во понеделникот изнесувала 57,92 долари, односно 73 центи помалку во однос на петокот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.