Европа
Четири членки на НАТО демантираа дека ќе ја вооружат Украина
Во неделата советникот на украинскиот претседател Петро Порошенко, како и самиот тој претходно, изјави дека Киев постигнал договори во текот на самитот на НАТО во Велс минатата седмица за доставување оружје и воени советници од пет земји членки на Алијансата, но овие изјави веднаш ги демантираа четири од петте споменати земји.
Функционери на НАТО и претходно во повеќе наврати изјавија дека Сојузот нема да испраќа оружје во Украина, која не е негова членка, но исто така истакнаа и дека таквата одлука може да ја донесат самостојно земјите членки. „На самитот на НАТО постигнати се договори за обезбедување воени советници и снабдување со модерно оружје од САД, Франција, Италија, Полска и Норвешка“, објави на својот официјален профил на Facebook Јуриј Луценко, советникот на украинскиот претседател, без да навлегува во поединости.Претходно на 5-ти септември и украинскиот претседател Петро Порошенко во интервјуто за британскиот јавен сервис BBC, без да ги именува, исто така, изјави дека неколку земји членки на НАТО ѝ „предложиле на Украина доставување на оружје со висока прецизност“.Функционер на НАТО кој го контактирала агенцијата Reuters во неделата по изјавата на Лиценко изјави дека одлуката на НАТО останува непроменета, а четири земји демантираа дека со Украина на самитот на Велс на 4-ти и 5-ти октомври, пред да биде потпишано примирјето во Минск, постигнале договор за снабдувањето со оружје.Висок американски функционер, кој сакал да остане анонимен, демантираше дека САД ветувале воена помош. „Америка на Украина не ѝ понудила никаква воена помош“, рекол функционерот.Запрашан за коментар на изјавите на Лиценко, претставници на министерствата за одбрана на Италија, Полска и Норвешка, исто така, негирале дека постојат планови за снабдувањето со оружје на Украина. Во петата спомената земја, Франција, претставник на Елисејската палата одбил да ја коментира изјавата на советникот на украинскиот претседател Петро Порошенко.„Таа информација не е точна. Италија, како и другите земји на ЕУ и на НАТО, подготвува пакет несмртоносна воена помош, која вклучува испорака за Украина на панцирни елеци и шлемови“, изјавил за Reuters претставник на италијанското министерство за одбрана.Портпаролот на министерството за одрана на Норвешка, Ларс Јамбл во интервју за весникот Aftenposten изјавите од украинска страна ги карактеризираше како „недоразбирање“. „Кај нас постојат правила за извоз, кои не дозволуваат доставување оружје на страни кои се во воена состојба“, истакнува Јамбл. Притоа потврдува дека норвешки војници ќе учествуваат на воени маневри во Украина: „Офицери од Генералштабот ќе ја претставуваат Норвешка на две различни воени вежби на украинска територија. Станува збор за еден до двајца офицери на секоја вежба“.Порошенко, чијашто армија се бори веќе петти месец против проруските бунтовници во источните доминантно рускојазични региони во Украина, присуствуваше на дводневниот самит на Севрноатлантскиот сојуз во Велс кој заврши во петокот и доби поддршка до Алијансата за воените операции, и осуда за Русија која НАТО ја обвинува за наводна директна вмешаност во украинската криза. Од друга страна Русија, жестоко се противи на приближувањето на Украина кон НАТО, и се повикува на договорите со Алијансата и бара Киев да го задржи својот неблоковски статус. Во меѓувреме кревкото примирје меѓу украинската армија и проруските бунтовници кои објавија дека немаат намера да се откажат од својата прогласена независност од Украина, е спорадично прекршено во пристанишниот град Мариопул кој иако со мнозинско рускојазично население е под контрола на владините сили, и во Донецк кој е најголемото упориште на проруските сили, и според медиумските извештаи во двата града има најмалку по една цивилна жртва./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.
Европа
Столтенберг: НАТО работи на испорака на повеќе „Патриоти“ во Украина
НАТО работи на испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг, додавајќи дека доцнењето во обезбедувањето таква помош им наштетува на напорите на Киев да се спротивстави на руските напади.
„Собравме податоци за различните системи за противвоздушна одбрана што ги имаме во НАТО и се фокусиравме на системите „Патриот“. И ние работиме со сојузниците за да се осигураме дека тие прераспоредуваат некои од нивните системи во Украина“, изјави тој за новинарите на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Италија.
„Работиме на можноста за испорака на повеќе батерии „Патриот“ за Украина. Водиме дијалог со некои земји“, рече Столтенберг, нарекувајќи го снабдувањето на „Патриотите“ „критично“, бидејќи тоа е најнапредниот одбранбен систем на кој алијансата може да смета.
Столтенберг рече дека други одбранбени системи, вклучително и ракетниот систем земја-воздух НАСАМС, може да и бидат доставени на Украина. Тој додаде дека состанокот на Советот НАТО-Украина ќе се одржи утре и дека се очекува виртуелно да учествува украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Охрабрен сум од посветеноста и одлучноста на сојузниците во НАТО да застанат во одбрана на Украина“, им рече тој на новинарите, додавајќи дека има охрабрувачки знаци дека американскиот Конгрес наскоро би можел да го отклучи пакетот помош од 60,84 милијарди долари за Украина.
Европа
(Видео) Катастрофални поплави во Русија, куќи под вода, илјадници евакуирани
Поради последиците од големите поплави, во Русија се поплавени околу 18.000 домови, додека реката Тобол во областа во близина на границата со Казахстан се заканува да се искачи на рекордно ниво. Државната новинска агенција Тасс објави дека од вчера се поплавени уште 1.700 куќи. Илјадници луѓе се евакуирани во последните неколку дена.
Massive flood after the water level in the Ural River risen in Orenburg, Russia 🇷🇺 (13.04.2024)
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/SXxuuoAmI1
— Disaster News (@Top_Disaster) April 13, 2024
Регионот Оренбург јужно од планината Урал и регионот Курган во Сибир беа најтешко погодени од катастрофални поплави во близина на јужната граница со Казахстан. Во главниот град на регионот, Курган, реката Тобол порасна за метар и половина за само 24 часа. Курган се подготвува за рекорден водостој и за големи поплави, изјави министерот за вонредни состојби Александар Куренков, кој рече дека нивото на водата се зголемува и во блиската област Тјумен во Сибир.
1/10🌊🇷🇺 #RussiaIsCollapsing
While the Russians fight in #Ukraine 🇺🇦, #Russia is sinking
📍#Kurgan the risk of another dam failure is high
As in #Orenburg & #Orsk, residents leave their homes, leaving dogs chained to deter looters. They won’t survive it. #floods #Rosja #Russie pic.twitter.com/JMURpr5Rbv
— 𝐀𝐧𝐧𝐚 𝐊𝐎𝐌𝐒𝐀 | 🇪🇺🇫🇷🇵🇱🇺🇦 (@tweetforAnna) April 18, 2024
Во моментов има приближно 94 села каде живеат 34.000 луѓе во опасност од поплави. Во четвртокот властите евакуираа 1.500 луѓе од Тјумен и ги транспортираа на безбедно. По обилните дождови и невообичаено снежната зима, Русија оваа година се бори со исклучително тешки сезонски поплави.
Жителите на погодените подрачја ги обвинуваат властите дека доцна преземаат мерки за нивна заштита и дека не реагираат доволно брзо. Слични поплави ги погодија областите преку границата во соседен Казахстан, каде властите претходно почнаа да ги евакуираат луѓето. Досега од таа област се евакуирани повеќе од 100.000 жители.