Европа
The Courier: Тереза Меј се упатува во посета на Велс
Тереза Меј ќе го посети Велс. Посетата е во позадина на зајакнатиот притисок за зачувување на единството во Велика Британија, кое по референдум за Брекзит од ЕУ е разнишано, пишува во понеделникот шкотскиот весник The Courier.
Премиерот спроведува серија на разговори со политичките претставници на составните делови на кралството, пред да го активира чл. 50 од Лисабонскиот договор и да се отпочне официјалната процедура за напуштање на Европската унија.
Во Велс ќе ја придружуваат министерот за Брекзит Дејвид Дејвис и министерот за Велс Ален Кернс. Тројцата ќе се сретнат со првиот министер на Велс Каруин Џонс, а исто така и со водечките фигури во бизнисот и други области.
Посетата ќе се совпадне со потпишувањето на договорот помеѓу британската влада, Владата на Велс и локалните власти од градот Суонси, вреден 1,3 милијарди фунти, со кој се очекува да се создадат девет илјади нови работни места.
Турнејата се одржува непосредно откако Тереза Меј ја отфрли можноста за организирање на втор референдум за независност на Шкотска и определувањето на евентуален датум за изработка на договор за Брекзит.крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
