Европа
Данска воведе гранични контроли кон Германија, Берлин изрази жалење
Данска во понеделникот од пладне го суспендираше шенгенскиот систем на границата кон Германија откако претходно од утрото Шведска тоа го стори на својата граница кон Данска.
„Данска воведува контрола на пасошите на границата кон Германија“, соопшти на вонредната прес-конференција во понеделникот во Копенхаген данскиот премиер Ларс Локе Расмусен,
Оваа мерка, како што истакна Расмусен, засега е ограничена на десет дена и се состои и ќе се состои од контроли на патните исправи по случаен избор. „Полицијата нема од секого да бара контрола на пасошот“, рече данскиот премиер.
Според Расмусен, Данска е принудена да ја воведе оваа мерка, бидејќи неколку часа претходно и Шведска започна со спроведување на мерки на контрола на границата кон Данска и да го одбива влегувањето во земјата на сите патници без исправни документи.
Германската влада „со жалење“ ја прими веста за воведување контрола на границата со Данска. „Одлуката на данската влада дополнително покажува колку во решавањето на бегалската криза во Европа ни е потребен заедничкиот концепт на ниво на сите земји“, изјави портпаролот на германската влада Штефан Зајберт.
Германското министерство за надворешни работи, исто така, изрази жалење поради данските мерки, оценувајќи ја слободата на движењето во рамките на Европската унија како една од најголемите вредности. „Шенгенскиот систем е многу важно постигнување, но во моментов поради бегалската криза е во опасност“, соопшти германската дипломатија.
И премиерот на сојузната германска покраина Шлесвиг-Холштајн, Торстен Албиг, изрази жалење поради повторното воведување на контролата на пасошите на германско-данската граница. „Оваа мерка ќе влијае на соживотот во германско-данското погранично подрачје и особено ќе им го отежни животот на оние кои секојдневно при одење на работа мора да ја минат границата“, рече Албиг, карактеризирајќи го како „зрак светлина“ фактот дека таа мерка е ограничена на десет дена.
Илјадници бегалци од Германија преку Данска секојдневно патуваат до Шведска, којашто по Германија е најомилената дестинација на бегалците коишто изминатата година пристигнуваат во Европската унија, главно од Сирија, Авганистан и Ирак.
Во меѓувреме Европската комисија објави дека од Данска добила официјална информација дека оваа членка воведува контроли на своите граници, како и дека Комисијата ќе ја испита оправданоста на таквата постапка.
„Данска во понеделникот претпладнето официјално ја извести Комисијата за воведување на контроли на границите, почнувајќи од денеска напладне“, изјави портпаролката на ЕК, Тове Ернст, додавајќи дека Комисијата сега ќе го испита дали воведувањето на контролата е потребна и дали таа мерка е сразмерна на стварната состојба.
Поради бегалската криза сé повеќе земји членки на Европската унија воведуваат привремени контроли во рамките на шенгенскиот простор. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.
Европа
Столтенберг: НАТО работи на испорака на повеќе „Патриоти“ во Украина
НАТО работи на испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг, додавајќи дека доцнењето во обезбедувањето таква помош им наштетува на напорите на Киев да се спротивстави на руските напади.
„Собравме податоци за различните системи за противвоздушна одбрана што ги имаме во НАТО и се фокусиравме на системите „Патриот“. И ние работиме со сојузниците за да се осигураме дека тие прераспоредуваат некои од нивните системи во Украина“, изјави тој за новинарите на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Италија.
„Работиме на можноста за испорака на повеќе батерии „Патриот“ за Украина. Водиме дијалог со некои земји“, рече Столтенберг, нарекувајќи го снабдувањето на „Патриотите“ „критично“, бидејќи тоа е најнапредниот одбранбен систем на кој алијансата може да смета.
Столтенберг рече дека други одбранбени системи, вклучително и ракетниот систем земја-воздух НАСАМС, може да и бидат доставени на Украина. Тој додаде дека состанокот на Советот НАТО-Украина ќе се одржи утре и дека се очекува виртуелно да учествува украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Охрабрен сум од посветеноста и одлучноста на сојузниците во НАТО да застанат во одбрана на Украина“, им рече тој на новинарите, додавајќи дека има охрабрувачки знаци дека американскиот Конгрес наскоро би можел да го отклучи пакетот помош од 60,84 милијарди долари за Украина.
Европа
(Видео) Катастрофални поплави во Русија, куќи под вода, илјадници евакуирани
Поради последиците од големите поплави, во Русија се поплавени околу 18.000 домови, додека реката Тобол во областа во близина на границата со Казахстан се заканува да се искачи на рекордно ниво. Државната новинска агенција Тасс објави дека од вчера се поплавени уште 1.700 куќи. Илјадници луѓе се евакуирани во последните неколку дена.
Massive flood after the water level in the Ural River risen in Orenburg, Russia 🇷🇺 (13.04.2024)
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/SXxuuoAmI1
— Disaster News (@Top_Disaster) April 13, 2024
Регионот Оренбург јужно од планината Урал и регионот Курган во Сибир беа најтешко погодени од катастрофални поплави во близина на јужната граница со Казахстан. Во главниот град на регионот, Курган, реката Тобол порасна за метар и половина за само 24 часа. Курган се подготвува за рекорден водостој и за големи поплави, изјави министерот за вонредни состојби Александар Куренков, кој рече дека нивото на водата се зголемува и во блиската област Тјумен во Сибир.
1/10🌊🇷🇺 #RussiaIsCollapsing
While the Russians fight in #Ukraine 🇺🇦, #Russia is sinking
📍#Kurgan the risk of another dam failure is high
As in #Orenburg & #Orsk, residents leave their homes, leaving dogs chained to deter looters. They won’t survive it. #floods #Rosja #Russie pic.twitter.com/JMURpr5Rbv
— 𝐀𝐧𝐧𝐚 𝐊𝐎𝐌𝐒𝐀 | 🇪🇺🇫🇷🇵🇱🇺🇦 (@tweetforAnna) April 18, 2024
Во моментов има приближно 94 села каде живеат 34.000 луѓе во опасност од поплави. Во четвртокот властите евакуираа 1.500 луѓе од Тјумен и ги транспортираа на безбедно. По обилните дождови и невообичаено снежната зима, Русија оваа година се бори со исклучително тешки сезонски поплави.
Жителите на погодените подрачја ги обвинуваат властите дека доцна преземаат мерки за нивна заштита и дека не реагираат доволно брзо. Слични поплави ги погодија областите преку границата во соседен Казахстан, каде властите претходно почнаа да ги евакуираат луѓето. Досега од таа област се евакуирани повеќе од 100.000 жители.