Европа
Џихадистите му испратија „порака“ на Камерон со егзекуција на пет луѓе
Екстремната сунитска организација Исламска држава објави видео со егзекуција на пет луѓе кои ги обвинува дека се „британски шпиони“, како „предупредување“ до премиерот Дејвид Камерон, пишува во неделата весникот The Independent.
На видео снимката се прикажани петте мажи облечени во портокалови комбинезони, кои џихадистите ги обвинуваат дека се шпиони на разузнавачките служби на Велика Британија. Според весникот, тие луѓе можеби не се британски државјани, но според Исламската држава работеле организирано и испраќале „во странство“ фото и видео материјали од сирискиот град Рака, која се смета за престолнина на нејзиниот „калифат“.
Пред извршувањето на егзекуцијата, еден од маскираните милитанти вели дека видеото е „порака за Дејвид Камерон“ и британскиот премиер го нарекува „идиот“ и „роб на Белата куќа“, пишува The Independent.
Засега не е потврдена автентичноста на видео снимката во траење од десет минути, се наведува во написот.
Џихадистичката група особено се одликува по честите брутални масовни егзекутирања на „отпадниците“, односно христијани, новинари, странски државјани, ирачки или сириски цивили и војници главно шиити, сунити кои не ја признаваат, Курди…., коишто ги снима и потоа ги објавува на интернет.
Претходно во неделата американските телевизиски мрежи NBC и CNN објавија дека Исламската држава поставила видео снимка на којашто наводно се одржува судење на лице облечено во портокалов комбинезон кој до кадрите со неговата наводна егзекуција, вели дека предавал информации на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ)./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.