Европа
Џихадистите се закануваат дека ќе го преплават Париз со мртви тела
Во новиот видео материјал што го објави Исламската држава на кој се прикажани егзекуции врз сириски војници, џихадистите се закануваат дека „ќе ги преплават улиците на Париз со мртви тела“.
Во снимката поставенана интернет од страна на групата којашто ја врши пропагандата на Исламската држава преку интернет и социјалните мрежи која е лоцирана во западната сириска покраина Хама, се гледа како џихадист застрелува сириски војни и го фрла неговото тело од карпа.
Пред да ја изврши егзекуцијата, припадникот на Исламската држава на течен француски јазик вели дека тој е само еден од околу 500 француски државјани кои се борат во редовите на џихадистите на Блискиот исток.
Потоа тој објаснува дека неговата „порака“ не се однесува само Франција, туку на целата меѓународна заедница, како и дека припадниците на Исламската држава „ја сакаат смртта колку што вие го сакате животот“.
Најновото видео од средата е објавено само еден дена пред оваа екстремна сунитска терористичка групација да го објави својот пропагандистички онлајн магазин на француски јазик.
Во магазинот, џихадистите се фалат и ја преземаат одговорноста за терористичкиот напад извршен на 26-ти јули во Франција, кога Јасин Сали, веејќи го знамето на Исламската дражва влезе во гасната постројка во малото гратче Сен-Квентен-Фалавие, околу 40 километри од Лион, поставувајќи ја на портата од фабриката отсечената глава на неговиот работодавец.
Веднаш по овој напад францускиот премиер Мануел Валс предупреди дека земјата во иднина ќе се соочува со нови вакви напади. „Тешко е едно општество со години да живее под закани од напад“, рече Валс и порача дека „Прашањето не е … дали ќе има уште еден напад, туку кога“./крај./мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“, повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува Танјуг.
Полицијата во моментов спроведува истрага со проверка на робата во продавниците, поради што се уште не се знае конечната количина на дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.