Европа
Драма во Хановер, евакуирани стадион и сала, затворена железничката станица
Поради сериозна закана од терористички напад во Хановер е откажан пријателскиот натпревар меѓу Германија и Холандија, а откажан е и концертот на групата Sohne Mannheims кој требаше да се одржи во истиот град.
Германските медиуми во вторникот навечер пренесуваат дека три часа пред почетокот на натпреварот на стадионот во Хановер е пронајдена сомнителна торба, поради што полицијата веднаш решила да го откаже дуелот и да го евакуира стадионот на кој веќе започнале да се собираат навивачите. Поради безбедносни причини откажан е и концертот на германскиот бенд Sohne Mannheims во „TUI Arenа“.На мечот меѓу фудбалските селекции на Германија и на Холандија требаше да присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел, како и голем број функционери и јавни личности кои сакаа да им одадат чест на жртвите на петочните терористички напади во Париз. „Постоеше конкретна опасност за целиот град. Имаше конкретни планови да се предизвика експлозија“, изјави началникот на полицијата во Хановер, Фолкер Клуве, додавајќи дека експлозијата требало да се случи на стадионот „HDI Arena“. Градоначалникот Штефан Шосток додаде дека полицијата донела исправна одлука. „Доколку постоела закана, тогаш е логично мечот да биде одложен. Безбедноста на граѓаните е најважна“, додаде за телевизијата N24.Како што пренесуваат германските медиуми, полицијата кај стадионот пронашла комбе кое било маскирано во возило на брзата медицинска помош, а во него наводно имало бомба. Меѓутоа, сé уште нема никаква официјална потврда за оваа вест. Медиумите пренесуваат дека ситуацијата околу стадионот во Хановер и салата се мирни, а двата објекта се обезбедувани од силни полициски единици.Портпаролот на градската полиција соопшти и дека делумно е затворена железничката станица во Хановер. Информации за причините за овој потег засега изостануваат. Во меѓувреме, агенцијата DPA, повикувајќи се на свои извори во безбедносните служби, објави дека инфорацаиите за можни терористички напади дошле од странски разузнавачки служби. Според весникот Bild, германското разузнавање добило неколку предупредувања за претстоен напад, вклучително и од француските колеги.Претходно во вторникот од безбедносни причини беше одложен и фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Белгија и Шпанија, кој требаше да се игра во Брисел.„Владата нé контактираше во понеделникот навечер и препорача да не го организираме мечот“, објавија од URBSFA.Препораката на белгиската влада за откажување на натпреварот дојде поради тоа што тамошните безбедносни сили се во состојба на висока приправност по терористичките напади во Париз во петокот, а за кои се претпоставува дека ги организирал белгиски државјанин и во кои биле вмешани жители на Брисел./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.