Европа
Двајца мртви во Нагорно Карабах, примирјето прекршено
Двајца ерменски војници загинаа во петокот во судирите со азербејџанските сили во спорниот регион Нагорно Карабах, каде примирјето склучени во вторникот главно се почитува по неколкудневното насилство со околу осумдесет жртви.
„Азербејџан во текот на минатата ноќ го прекрши примирјето (…) гаѓајќи од минофрлачи. Ерменски војник загина на северот во лизина на Талиш, а друг е тешко ранет на североистокот. Ерменските сели Кармир, Туџуд и Баганис се цел на оган од азербејџанската војска“, изјави портпаролот на ерменското министерство за одбрана, Артсрун Ховханисјан.
„Азербејџанската војска возврати на артилерискиот оган од ерменските сили. Бомбардирани се и цивилни цели во Азербејџан“, одговори азербејџанскиот портпарол Вагиф Даргахли.
Ерменското министерство за одбраа соопшти малку подоцна во петокот дека двете страни договориле да го „обноват примирјето“ и дека телата на двајцата војници ќе бидат извлечени со помош на ОБСЕ и на Црвениот крст.
Најмалку 77 луѓе, војници и цивили од двете страни загинаа од почетокот на најновите судири ноќта кон саботата. Ова е најтешкиот судир од примирјето на потпишано во 1994 година.
Нагорно Карабах е регион административно сместен во рамките на Азербејџан во времето на Советскиот сојуз кој е главно населен со Ерменци. Конфликтот започна во февруари 1988 година кога Нагорно-Карабашката автономна област прогласи самостојност и истапување од тогашната Азербејџанска ССР. На почетокот од 1990-те кога се распадна СССР, ерменските сепаратисти успеаја да ја преземат контролата над таа област во војна во којашто загинаа 30.000 луѓе.
Војната заврши со примирје во 1994 година, а до 1992 година се водат преговори во рамките на мисијата на ОБСЕ во Минск. Азербејџан инсистира на зачувување на територијалниот интегритет, а Ерменија ги застапува интересите на отцепената република, додека самопрогласената Нагорно-Крабашката република чиј центар е Степанакерте не е страна во преговорите./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.